Реклама
Модни совети

Кои се најчестите грешки што ги правиме кога носиме патики

Реклама

Да, да, веќе и врапчињата на гранките знаат дека патиките се еден од водечките трендови за оваа сезона, но прашањето е како да ги носиме …

Патиките се еден од водечките трендови и оваа сезона можете да ги носите како во секојдневни изданија, така и во вашите вечерни, па и деловни комбинации. И ова правило важи како за моделите кои се бели како снег, така и за оние во силни бои, па и за шарените, со интересни дезени, кои исто така се совршен избор за вашите шик пролетни комбинации. Но колку и да изгледаат лесни и едноставни за носење, со нив многу често можеме и да погрешиме, особено ако не ги следиме следните неколку правила, пишува порталот Elle.rs.

Маркетинг

Неколку корисни совети како да носите патики на работа »

Маркетинг

# Кога се плашите да ги истакнете 

Веднаш ќе ви кажеме дека е голема грешка која морате да ја исправите веднаш. Некои патики се направени токму за да бидат во центарот на вниманието, односно со ефективен и впечатлив дизајн, па затоа и треба да се истакнат!

# Кога исти патики носите на работа и вежбање

Да, мешањето стилови е во мода, но сепак, внимавајте патиките кои ги носите на вежбање никако не се добар избор за деловни комбинации.

Како да носите патики според рецептот на најпознатите ИТ девојки »

# Кога носите само бели патики

Белите патики се во мода, но оваа сезона носете и модели во силни бои и со интересни дезени кои одлично стојат на најразлични комбинации.

# Кога сакате да го следите секој тренд

Ако ви се допаѓаат последните ИТ трендови, запомнете дека не секој модел стои одлично на секој стил. Едноставно, изберете ги вашиот омилен модел, но никогаш не треба да се обидувате да го следите секој нов тренд.

Извор: Elle.rs, Штипка

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button