Нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска за Гламур магазин открива кои грешки најчесто ги правиме во исхраната
Многу често се прашуваме кои комбинации на храна се тие кои што не треба да се прават при консумирањето на оброците. За да дознаеме како правилно да ги комбинираме намирниците и каде се прават најчесто грешките при косумирањето храна, се косултиравме со Емилија Спасовска Мојсовска која што е нутриционист и секојдневно им помага на своите клиенти како и за намалување на килограмите така и давање план за исхрана кај многу здравствени проблеми.
Во продолжение можете да дознаете каде најчесто грешиме.
Емилија Спасовска Мојсовска-нутриционист
Правењето грешки во исхраната е честа појава, особено кога не сме свесни за тоа како одредени намирници меѓусебно влијаат врз здравјето. Еве некои од најчестите лоши комбинации во исхраната:
1. Јаглехидрати и протеини во еден оброк
Пример: месо со компири или тестенини. Протеините бараат кисела средина за варење, додека јаглехидратите — алкална. Ова го успорува варењето и предизвикува надуеност.
2. Овошје со други видови храна
Овошјето се вари брзо, но кога го комбинираме со протеини или масни јадења, останува подолго во стомакот, предизвикувајќи ферментација, гасови и дигестивни потешкотии.
3. Чај или кафе веднаш по јадење
Овие пијалаци содржат танини кои ја намалуваат апсорпцијата на железо, што може да доведе до недостаток на хранливи материи со текот на времето.
4. Алкохол со масна храна
Иако оваа комбинација изгледа „природна“, алкохолот го оптоварува црниот дроб, а масната храна дополнително ја влошува ситуацијата, што може да доведе до забавено варење и зголемено складирање на масти.
5. Различни видови протеини во еден оброк
Пример: риба и јајца или месо и сирење. Различните протеини бараат различно време и ензими за варење, што може да го замори дигестивниот систем.
За подобра дигестија и повеќе енергија, најдобро е да се фокусирате на едноставни комбинации:
Зеленчук со протеини или со јаглехидрати.
Хидратација со вода, 30 минути пред или по оброк, 1,5 час по оброкот
Емилија Спасовска Мојсовска-нутриционист од Нутри Ем