Кога Василија ќе ја запее оваа песна Мијачка – цела Македонија се топи од мераци и нејзиниот глас
Кај и да си, дома да си за Петровден...

Пејачката ги воодушеви сите со оваа снимка
Младата фолк-пејачка Василија Петрова во последно време важи за една од најбараните пејачки на нашата естрада.
Таа ова лето работи со полна пареа, а не ретко се појавува и на најразлични културни настани како кај нас, така и во дијаспората.
Принтскрин/ Јутуб, ИН Продукција, В. Петкоски
Таа е една млада и природно весела девојка, па едноставно во гените и е и знае како да ги развесели гостите.
Но и да ги погоди во душа со песна, за што кажува и оваа снимка што Василија ја сподели на социјалните мрежи.
Како таа изгледаше во ова издание, погледнете во продолжение:
Таа изгледаше преубаво во мијачката фолклорна носија со која се појави на сцената, а целото издание го зачини со суптилна шминка и нејзината препознатлива насмевка.
Принтскрин/ Јутуб, ИН Продукција, В. Петкоски
Таа самата ја објави снимката на која се гледа како со мерак пее на македонски, а неодамна за Гламур зборуваше на оваа тема.
Повеќе за ова прочитајте тука.
„МИJАЧКА“
1.
Кај и да си,
дома да си
за Петровден
Бијат камбани
во храмот црковен
Свети Пеетар и Павле
Ќе се игра
среде село
Ќе ни засвират
мајче тајфите
Гајди и тамбури
зурли и тапани
Реф:
Свадба Мијачка
во Папрадиште
Петок кај мовчето
се кити бајракот
А на врвот стои
црвено јаболко
Лоза Мијачка
да се продолжи
да се кердосаат
срца вљубени
и да се соберат
сите роднини
2.
Ех да можам
да ги видам
сите собрани
Покрај Чуповски
Дамјанов, Кулавковски,
Матев, Цонгар и Резонски
Димов и Симоновци
Василковски и Ангелковски
Орце и Миле
Поп Јорданови
Реф/ 2