Реклама
MAMAДом и семејство

Кога украсувањето е од мерак и за децата да веруваат дека постои Дедо Мраз – Викторија ни ги отвори вратите од домот во Радовиш

Кога ќе минете по улицата каде што е домот на ова семејство, двапати ќе се свртите да погледнете во дворот, а веројатно и ќе подзастанете. 

Реклама

За Викторија Паратикова, која со семејството живее во Радовиш, божиќната атмосфера во домот претставува најубаво нешто, нешто што ѝ дава чувство на мир, спокојство и топлина.

Вели дека декорирањето на домот вреди за детските насмевки и нивната среќа додека заедно ја китат елката.

фото-приватна архива

„Тоа ме исполнува, се трудам на децата, а и на нас, возрасните, дома да направам да биде што поволшебно и магично. Секоја година до поголемото синче пишуваме писмо до Дедо Мраз и ги кажуваме нашите желби. Му оставаме млеко и колачиња, правиме снежни стапки и оставам подароци под елката за децата да веруваат дека навистина дошол Дедо Мраз да им остави подароци“ – вели Викторија и продолжува:

Маркетинг

„Едноставно декорирањето ми претставува огромно задоволство и за мене и за моето семејство. Божиќ е еден од најубавите христијански празници“.

фото-приватна архива

Маркетинг

Традицијата на украсување на домот и на дворот потекнува уште од времето кога Викторија живеела во Америка.

„Тој период од годината е навистина преубаво и волшебно таму“, раскажува.

„Кога се вративме да живееме во Македонија, почнав секоја година да одделувам пари од домашниот буџет за да купам што повеќе декорации“.

Некогаш, за да добие свежи идеи, се „консултира“ со Интернетот. За сега е украсен само предниот дел од дворот, но понатаму, Викторија има планови и желба да го украси целиот двор.

„Оваа година немам рачни изработки кои служат како украси, бидејќи имам две дечиња – едното оди в училиште, а другото е малечко. Исто така сум зафатена околу работата (работи како диспечерка во американска компанија н.з), па самите обврски не ми дозволуваат да правам сама украси, но понатаму секако и тоа ми е во план“ – открива Викторија.

Кога ќе минете по улицата каде што е домот на ова семејство, двапати ќе се свртите да погледнете во дворот, а веројатно и ќе подзастанете.

Се разбира, оваа шармантна дама која е уметница во душа, секогаш добива преубави коментари за декорациите. А таа пак, скромно вели – „Секоја куќа си има посебна убавина кога станува збор за новогодишното украсување“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button