Препораки

„Кога телото зборува, јас слушам“: Прва епизода од втората сезона на dm поткастот „Женски Ритам”

Advertisement

“Жените се движење, жените се ритам, секоја од нас има своја посебна енергија, моќ, причина за постоење и делување” со овие зборови водителката Живкица Каленикова ја започнува првата епизода од новата втора сезона на долгоочекуваниот dm поткаст „Женски ритам“.

Во првата епизода, гости се Лејла Рамковска, јога инструкторка и сопственичка на јога студиото Club8, инфлуенсерка и мајка на две деца и Даниел Трбогазов, дипломиран професор по физичко образование и главен уредник и основач на порталот „Мој Тренер“.

Advertisement

Лејла и Даниел во релаксирана и пријатна атмосфера дискутираат и го споделуваат своето долгогодишно експертско знаење и искуство поврзани со спортот, физичкото здравје, физичкиот развој на женското тело низ годините, како и за различните биолошки фази низ кои поминува секоја жена. Споделуваат и совети за секојдневни здрави навики кои придонесуваат за подобрување на општата психо-физичка состојба, и во состојби на хроничен замор и стрес. Моќта на малите здрави навики навистина можат да направат голема разлика за вашето тело.

Следете ги активно социјалните мрежи на dm за информации и новости поврзани со dm поткастот „Женски ритам” на тема женско здравје, бидејќи следуваат нови интересни содржини и нови аспекти од важноста на сеопфатното женско здравје.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button