Новости

Кога се соблече во Охрид, никој не остана рамнодушен – познатата актерка го обожава нашето езеро

Привлекува внимание со секоја објава, но кога е во вакво издание никој не може да остане рамнодушен.

Advertisement

И во седмата деценија изгледа како девојка

Познатата српска актерка Лидија Вукичевиќ речиси секојдневно комуницира со своите фанови преку социјалните мрежи.

Advertisement

Таа и во седмата деценија од животот изгледа беспрекорно и важи за една од најпосакуваните дами на целиот Балкан.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

И како што самата откри во една пригода за Гламур, својот изглед го должи на дисциплината и посветеноста пред сé на здравата исхрана, иако во теретана речиси никогаш нејзината нога не стапнала.

Advertisement

Таа со своите објави на Инстаграм привлекува големо внимание, а во една пригода тоа го направи и со фотки од Охрид.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Таа тогаш позираше покрај Охридското Езеро во бел костим за капење, а овие фотографии и денес се вртат во медиумите.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

„Охрид е незаменлив“

Воодушевена од Македонија, Лидија тогаш сподели и едно провокативно издание направено во Маркова Река во близина на Скопје, а како оваа извонредна дама изгледаше и во ова издание, во мокар фустан и со нејзиното раскошно тело во преден план, погледнете од фотографиите во продолжение на овој текст.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

„Водата е мојот пијалак“, напиша Лидија тогаш.

„Мене ми се допаѓаат сите места, скоро цела Македонија ја пропатувавме но Охрид е незаменлив. Тој е еден потполно онаков град кој е фантастичен со голем број на цркви, и Охрид ми е најомилено место“, изјави Лидија во една пригода во ексклузивно интервју за Гламур, воодушевена од нашата земја.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Што се однесува до тоа на што се должи нејзиниот изглед, кој веќе со децении речиси воопшто не се променил, таа вели:

„Многу ми го поставуваат ова прашање, но јас мислам дека е тоа – весело срце. Мислам дека луѓето со позитивни мисли и со некоја радост која секогаш ја носат во себе дека не ги добиваат оние неубави брчки и некако остануваат секогаш духовно млади. И веројатно внатрешното чувство делува и на надворешниот изглед, така да, тоа е веројатно тоа, сподели тогаш Лидија за нашите читатели.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Целото интервју со неа прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button