Кога се роди тежеше колку една јаболка, лекарите кренаа раце но се случи чудо – денес ова момченце е закитено со Гинис
Родителската љубов, упорноста и медицинскиот тим создадоа најмлад рекордер на Гинис кој преживеа 133 дена пред терминот за раѓање.

Кога Најс Кин дојде на свет 133 дена пред терминот, лекарите беа скоро сигурни дека нема шанси за преживување. Но неговата мајка Моли и таткото Рендал не сакаа да се предадат. Благодарение на љубовта, упорноста и тимската борба со лекарите, денес приказната на Најс инспирира луѓе ширум светот.
Најс, со тежина од само 283 грама при раѓањето, бил лесен како голема чоколада или поголема јаболка. Веднаш бил приклучен на апарати и сместен во инкубатор, започнувајќи ја најдолгата борба на овој мал херој.
Сè започнало кога Моли Кин на 20-та недела од бременоста дознала дека нејзината матка се отвора. Лекарите ѝ рекле дека ако бебето се роди пред 22-та недела, шансите за преживување се минимални. Но Моли не се предала.
Семејството се обратило во Детската болница на Универзитетот во Ајова, позната по тоа што спасува и најранливи случаи. Неколку дена подоцна започнале трудовите, започнувајќи ја вистинската драма на предвременото породување.

Борба за живот во интензивна нега
Најс поминал шест месеци во единицата за интензивна нега, а родителите секој ден живееле меѓу надеж и страв. И покрај тоа, Најс ја победил секоја прогноза и во јануари бил пуштен дома во Енкена, Ајова.
Денес, Најс е официјално рекордер на Гинис како преживеано најпредвремено родено бебе што наполни една година. Сè уште му е потребна поддршка со кислород и сонди за храна, но мајката Моли гордо истакнува дека напредува, станува посилен и секојдневно учи нови работи.
„Почна да се врти, ги препознава гласовите, се смее и се обидува да се подигне,“ раскажува Моли со солзи радосници.
Мал херој со голема упорност
Лекарите признаваат дека Најс е извонреден. Обично, бебињата родени толку рано се соочуваат со сериозни здравствени проблеми и ретко излегуваат од болница. Кај Најс, ситуацијата е различна – тој е малку поспор во развојот, но неговото здравје е стабилно и прогнозите се одлични.
„Тој е неверојатно упорен и радознал, а при тоа и среќен,“ вели Моли. Најс е мирен, послушен и самостоен по карактер, и покрај долгото време поминато во болница.

Тимска работа и доверба во лекарите
Лекарите од Ајова истакнуваат дека овој успех е резултат на извонредна соработка помеѓу семејството и медицинскиот тим. Д-р Малинда Шефер, гинеколог која ја породила Моли, нагласува дека искреноста со родителите е клучна:
„Мораме да бидеме отворени и никогаш да не даваме лажна надеж, бидејќи последиците од секој исход родителите ги носат цел живот.“
Првите недели биле исполнети со секојдневни предизвици – следење на дишењето, храна преку инфузија и борба со инфекции. Моли нагласува дека довербата во медицинскиот тим им помогнала да издржат ден за ден.
Чудо кое дава надеж
По излегувањето од болница, животот на семејството започнал одново. Најс сега речиси цела ноќ спие, радознало ја набљудува околината, а родителите наскоро ќе почнат да му воведуваат кашички. Лекарите велат дека иако сè уште има потреба од сонда и има мал срцев проблем, напредува побрзо отколку што очекувале.

„Го гледаш неговиот напор кога се обидува да стане. Тоа е навистина неверојатно,“ открива Моли.
Стручњаците предупредуваат дека патот на ова бебенце е уникатен и дека не треба да се споредува со другите бебиња. Сè повеќе деца родени екстремно рано преживуваат, но секој случај е херојски подвиг на семејството и медицинскиот тим.
Најс денес, со огромни очи и силен карактер, е центар на светот на своите родители. Неговата прва роденденска прослава беше повеќе од прослава – потсетување дека чуда се случуваат и дека никогаш не треба да се губи надеж.