Кога се приближи до Карлеуша на гробиштата, сите останаа изненадени: Останатите ја игнорираа, а тој направи неочекуван потег ФОТО

Легендарниот креативен директор на „Гранд“ Саша Поповиќ денеска беше погребан на Бежанијските гробишта во Белград.
Стотици луѓе, вклучувајќи бројни познати личности, соработници од светот на медиумите и телевизијата, пејачи, водители, актери, политичари присуствуваа на емотивниот погреб, кој беше проследен со потресни говори и громогласен аплауз за починатиот.
фото принтскрин
Погребот следеше по комеморативен собир во чест на Поповиќ, кој почина на 1 март на 70-годишна возраст.
Да потсетиме, Поповиќ е погребан во близина на радио водителката Дивна Карлеуша
Поп дивата Јелена Карлеуша се појави на погребот на поп магионичарот Саша Поповиќ видно депресивна. Таа дојде во придружба на нејзиниот најдобар пријател и ПР Зоран Бирташевиќ.
Поповиќ беше погребан во близина на радио водителката Дивна Карлеуша, мајката на Јелена, па пејачката го искористи овој момент да го посети нејзиниот гроб.
Додека семејството добивало сочувство, Јелена сама седела на клупа кај гробот на нејзината мајка, а потоа и пришол музичарот и член на жирито од Ѕвездите на Гранд, Драган Стојковиќ Босанац.
фото принтскрин/телеграф
Тој е единствениот член од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ кој денеска и пријде на Јелена и се поздрави со неа.