Реклама
Наши ѕвезди

Кога се појави на сцената, никој не остана рамнодушен – македонската дива направи лом во Германија!

Еве зошто сите зборуваат за ова издание на пејачката

Реклама

Каролина ги воодушеви сите со својот стајлинг

Каролина Гочева одржа концерт во Хамбург во склоп на својата европска турнеја, па преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите.

По овој концерт следува уште еден во Берлин, кој ќе биде вечерва и со кој Каролина ја завршува оваа турнеја.

Маркетинг

„Преубава вечер во Хамбург. Се гледаме утре на последниот концерт од оваа турнеја, во Берлин – Columbia Theater, 20 часот“, напиша Каролина под фотографиите што ги сподели на Фејсбук.

Маркетинг
Фејсбук/ Каролина Гочева

Незаборавна вечер во Хамбург

Публиката заедно со неа цела вечер ги пееше нејзините најголеми хитови, а некои од нив звучеа како повторно да се родени.

Каролина полна со енергија и во одлично расположение ги забавуваше гостите приредувајќи им настап за паметење.

Но покрај нејзиниот глас, многумина беа воодушевени и од тоа како македонската поп-дива изгледаше на сцената.

Фејсбук/ Каролина Гочева

Имено, Каролина за оваа пригода избра кусо фустанче со црна проѕирна тантела во горниот дел, така што во преден план беа згодните нозе и елегантните црни сандали, но и нејзината вонсериска линија.

Фејсбук/ Каролина Гочева

Оваа креација беше полн погодок, а пејачката цела вечер не ја тргаше насмевката од лицето и блескаше од глава до петици.

Фејсбук/ Каролина Гочева

Фејсбук/ Каролина Гочева

Па, како ви се допаѓа ова нејзино издание?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button