Наши ѕвезди

Кога се појави, цело Смоларе не го тргаше погледот од НАЈЗГОДНАТА фолк-пејачка од Македонија

Пејачката Гавазова овој викенд имаше интересен настап на Костанијада која се одржа во Смоларе, во близина на познатиот Смоларски водопад.

Advertisement

Оваа снимка привлече големо внимание на Инстаграм

Нашата позната фолк-пејачка Сузана Гавазова на својот Инстаграм сподели снимка со која привлече големо внимание.

Advertisement

Таа беше една од гостинките на Костенијадата во Смоларе, а за оваа пригода избра црвено од глава до пети.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Имено, познатата пејачка која на својот „Инстаграм“ речиси секојдневно споделува моменти од својот живот, овој пат покажа како ја воодушеви публиката и со модното издание што ги носеше.

Advertisement

Таа за оваа пригода избра црвен комплет со кусо здолниште, па со ова издание привлече бројни коментари на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Покрај кусото здолниште кое ги истана нејзините нозе, Гавазова носеше и хулахопки во истата нијанса.

Во црвена боја беа и чевлите со високи потпетици, така што и овој пат во фокусот беше убавото тело на пејачката.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Овој пат одлучи да нема многу накит, а целото издание го зачини со црвен кармин и убавата, моќно стилизирана фризура.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Потсетуваме, Гавазова во последно време е поприлично активна на своите профили на социјалните мрежи, а за својот изглед постојано од бројните следбеници добива мноштво коментари.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Пејачката често знае да се снима и во својот дом, па така на социјалните мрежи овие денови исплива една снимка на која пејачката, облечена во хеланки и спортска маичка, прави една необична вежба.

Таа со ова покажа дека е во топ форма, а нејзините следбеници беа изненадени што ја гледаат во вакво издание.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button