Интервју
COVER STORY

Кога се пее со срце и душа нашиот народ препознава и цени, вели пејачот Кире Науновски за Гламур

„Јас сум човек кој ги цени малите нешта кои со тек на време стануваат и те како се големи“, вели познатиот пејач за Гламур

Advertisement

Интервју со Кире Науновски, победникот од 10 сезона во „Никогаш не е доцна“

Кире Науновски кој победи  во „Никогаш не е доцна“ и ја направи горда македоската нација по потекло е од Свети Николе каде и денес живее со своето семејство. Вели дека желбата да го запознае Жика му била мотив да се пријави на ова популарно шоу во нашето соседство. По победата, поразговаравме со него за многу работи околу шоуто. И како што самиот вели, најтешко во ова шоу му била одговорноста да се претстави на сцената во вистинско светло, а најмногу му значи коментарот што го добил од Маре, дека е  феноменален изведувач со многу добра дикција, како и коментарот на Харис Џиновиќ. Што друго ни откри овој скромен и талентиран наш изведувач, прочитајте во продолжение…

Advertisement

Прашање: Најпрво да Ви честитаме за победата во шоуто, но и да Ве прашаме дали очекувавте да победите?

Ви благодарам од се срце. Не очекував бидејќи сум тип на човек кој гледа на чашата полупразна, да не се речам песимист. Но сум реалист и потајно се надевав бидејќи си ги знам гласовните способности.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Прашање: Што значи за Вас оваа победа?

Една потврда, дека квалитетот е ценет, како и скромноста и искреноста, и кога се пее со срце и душа нашиот народ препознава и цени! За мене многу важен момент во мојата кариера една отскочна даска за нов почеток!

Advertisement

Прашање: Колку целиот овој натпревар има влијание брз Вашата работа како пејач? дали откога почнавте да се натпреварувате имате повеќе ангажмани?

Искрено позитивно сето ова влијае на мене и мојата работа. Луѓето и те како ме препознаваат и сум ангажиран до септември за што сум благодарарен што најважниот дел – забавата, ја оставаат во мои раце.

Приватна архива

Прашање: Што најмногу Ви значеше и чиј коментар од жирито ќе Ви остане во најубаво сеќавање?

Како што веќе напоменав и претходно, првото кршење на мразот, првиот настап остави најголем впечаток на мене. А тоа секако е коментарот од Маре, дека сум феноменален изведувач со многу добра дикција, како и коментарот на Харис Џиновиќ за мојата изведба на една од потешките песни на Шабан Шаулиќ- „Данима те чекам“.

Приватна архива

Прашање: Каков е Жика како човек, приватно, вака остава многу пријатен впечаток на ТВ екраните?

Јас веќе кажав дека причината за која се пријавив во шоуто е Жика, неговата позитивна енергија, и карактер кој влева самодоверба, му посакувам побрзо оздравување и секое добро.

Приватна архива

Прашање: Што Ви беше најтешко додека траеше шоуто?

Одговорноста на таа сцена да се претставам во вистинско светло, да го оправдам своето присуство таму, и да ја донесам секоја песна на вистински начин.

Прашање: Да ни кажете нешто повеќе за самото шоу, за неговата организација, реализација, за сите луѓе кои се дел од целиот тим?

Само позитивно искуство, максимално ангажирани луѓе достапни во секое време, продуцентите Сара и Ивке секогаш достапни за соработка, топли луѓе со разбирање, како и целиот тим. Навистина, функциониравме како едно големо семејство и со останатите натпреварувачи и со целата продукција, расположени се за контакт во секое време да помогнат, да те насочат, голем поздрав до нив и едно големо БЛАГОДАРАМ!

Приватна архива

Прашање: Да Ве навратиме малку наназад, како дојде до тоа да се пријавите, кој беша пресудниот момент?

Како што напоменав и погоре главната причина беше ЖИКА неговиот позитивен карактер и харизма и целиот тек на емисијата, ми беше мотив да се пријавам, бидејќи како што веќе е познато јас сум голем (по нашки ) тремарош 😊. А пред секој настап неговата енергија ме отпушташе и ми даваше самодоверба да продолжам напред и да дадам свој максимум!

Прашање: Кој Ви помагаше во изборот на песните, дали сам или некој Ви даваше сугестии?

Во секој круг праќав по три песни од кои продукцијата одлучуваше која ќе оди, а за топ три најчесто сам како ќе се чувствував во тој момент. А секако некогаш ќе се консултирав со сопругата доколку имав некое двоумење, но мислам дека направив добар избор околу изборот на песните.

Приватна архива

Прашање: Веќе долги години се занимавате со музика, како започна Вашата приказна со музиката?

Од мои 11 години кога татко ми ја купи првата хармоника се роди и желбата да творам, да се занимавам со музика. Професионално започнав малку подоцна, се сеќавам мојата прва свирка беше на 16 години, бев втора година средно, дете со голема амбиција.

Прашање: Дали после ова шоу планирате малку повеќе да посветите внимание на Вашата кариера?

Нормално дека да, во преговори сум за снимање на нови песни, видео записи па и некоја дуетска песна но се во свое време. Моја должност е на мојата публика која веруваа во мене да и подарам квалитетна музика која се надевам дека ќе биде прифатена од публиката.

Прашање: И дали можеме да очекуваме да се појавите на некој  друг фестивал што следува наскоро?

Веќе учестував на „Валандово фест“ со преубавата песна ‘ Ти‘ на Драги Станков и Валентина Николова кој се здоби со награда за најдобар аранжман, а следно нешто треба да биде „Тумба фест Куманово“ со исто така преубава песна. Убави нешта следуваат и ми е мило за тоа.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Прашање: Што прави Кире во слободно време, каде ја обновува енергијата?

Со моето семејство таму ги полнам батериите со моите синови Нино и Милан и сопругата Марија, тие се моето се, дома каде ми е најубаво и се радувам на слободното време со нив.

Прашање: Што Ве прави среќен?

Пред се да сме живи и здрави, и сите што ми се блиски, тоа е најбитно. Ме прави среќен секој ден во кој сите околу мене се во ред, малите нешта, мојата музика, работата што ја работам, луѓето што ги веселам и што сум со нив во највеселите моменти од нивните животи. Јас сум човек кој ги цени малите нешта кои со тек на време и те како стануваат големи. И за крај, би сакал да ви се заблагодарам на одвоеното време, ви благодарам што ми бевте поддршка овие месеци, им благодарам на македонскиот народ, цела моја Македонија, мое Свети Николе како и на цел Балкан и дијаспората на измерената поддршка.

Се гледаме со нови песни нови проекти!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button