Хороскоп

Кога се молите, не зборувајте многу, туку со срце повикајте го ова – духовни мисли од Свети Кирил Ерусалимски и моќна молитва

Денес го славиме светецот Свети Кирил Ерусалимски, еден од најголемите бранители на православната вера. Се слави денес како заштитник на вистинската вера и духовната истрајност.

Advertisement

Роден во Ерусалим во времето на царот Константин Велики (315-386), Свети Кирил поминал низ големи искушенија и прогонства, но останал цврст во верата и во својата мисија.

принтскрин јутјуб

Трипати бил симнуван од патријаршискиот престол и прогонуван, но секогаш се враќал посилен. Неговите најголеми борби биле со Аријаните, кои ги сметал за еретици, како и со царот Јулијан Отстапник, кој се обидел да ја врати паганската вера.

Advertisement

Во христијанското предание се вели дека во времето на засилувањето на аријанската ерес, на празникот Педесетница, се случило чудо – се појавил светол крст кој блескал посилно од сонцето над Ерусалим и траел неколку часа. Овој настан ги охрабрил верниците и го зацврстил православието.

Друго чудо се случило кога Јулијан Отстапник ги убедил Евреите да го обноват Соломоновиот храм во Ерусалим, во обид да го понижи христијанството. Свети Кирил се молел тоа да не се случи, а според христијанската традиција, два последователни земјотреси го срушиле новоизграденото и го разурнале и она што останало од стариот храм.

принтскрин јутјуб

Што треба да се прави, а што не на овој ден?

Да се помолиме за духовна сила и заштита од заблуди. Да се читаат делата на Свети Кирил, особено неговите катихетски поуки, кои се важен дел од православното учење. Да се посети црква и да се запали свеќа за просветлување на умот и душата.

Advertisement

Да не се откажуваме од верата во тешки моменти. Да не се впуштаме во кавги и расправии, особено за духовни теми. Да не покажуваме гордост и непочит кон светите луѓе и нивните дела.

принтскрин јутјуб

Моќна молитва до Свети Кирил Ерусалимски

“О, Свети Кириле, пастиру Христов и бранителу на вистинската вера! Ти, кој претрпе прогонства и неправди, но остана силен во својот подвиг, подари ни мудрост и сила да ја чуваме светата вера. Застапувај се за нас пред Господа, за да ја живееме Неговата вистина и да ја чуваме душата од искушенија. О, свет учителу, води нè по патот на спасението и осветли ги срцата наши со светлината на Христовата љубов. Амин!”

принтскрин јутјуб

Духовни мисли

Свети Кирил е пример за непоколеблива вера и духовна мудрост. Неговото учење останува жива светлина во православието и денес.

За верата: „Верата е како око кое ги осветлува сите делови на душата, давајќи ѝ светлина за да ја види Божјата вистина.“ (Катихеза V, 5)

За Светата Причест: „Не го примај Лебот и Виното како обични, туку знај дека тие се Телото и Крвта Христова, како што самиот Тој рече: ‘Ова е Телото Мое, ова е Крвта Моја’.“ (Катихеза XXII, 6)

За Светиот Дух: „Светиот Дух слегува врз тебе како нежна роса и те осветлува однатре, давајќи ти сила во борбата против злото.“ (Катихеза XVI, 20)

За Второто Христово Доаѓање: „Не барај го времето кога ќе дојде Господ, туку подготви ја својата душа да Го прими.“ (Катихеза XV, 1)

За молитвата: „Кога се молиш, не зборувај многу, туку со срце повикај: ‘Господи, помилуј ме!’ – и Он ќе те чуе.“ (Катихеза IX, 6)

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button