MAMAДом и семејство

Кога родила 8 бебиња одеднаш, животот ѝ станал пекол – борбата на самохраната мајка Натали со вкупно 14 деца

Додека живеела со родителите и работела по 70 часа неделно, ѝ била дијагностицирана ендометриоза – состојба што ја загрозува плодноста.

Advertisement

На 26 јануари 2009 година, светот ја слушна веста која молскавично се прошири – Натали Наѓа Сулејман, тогаш веќе мајка на шест деца, роди живи и здрави осум бебиња одеднаш – прв ваков случај во историјата.

Оваа неверојатна вест веднаш го обиколи светот, а медиумите ѝ го доделија прекарот „Октомајка“.

Advertisement

Овие осморки, зачнати преку вештачко оплодување, ѝ донесоа слава, но и жестоки осуди. Јавноста остана шокирана кога откри дека Наѓа е немажена, без работа, живее кај родителите и – уште поважно – веќе има шест деца, исто така добиени со вештачко оплодување.

„Немав намера да имам толку деца“

„Кога си поставувам цел, одам кон неа со ласерска прецизност. Можеби претерав со бројот на деца, но тоа никогаш не ми беше намера“, вели Наѓа денес.

Нејзината желба за мајчинство произлегла од осаменото детство и желбата да создаде „сигурен, предвидлив мал свет“.

Advertisement

Родена како единка, била блиска со татко ѝ – поранешен воен преведувач и готвач – но имала тежок однос со мајка ѝ, наставничка со северноевропско потекло. Своето образование го насочила кон детското и адолесцентското поведение, дипломирајќи во Калифорнија, а потоа и запишала мастер студии.

принтскрин инстаграм

„Сите мислеа дека не можам да имам деца“

Додека живеела со родителите и работела по 70 часа неделно, ѝ била дијагностицирана ендометриоза – состојба што ја загрозува плодноста. Одлучила да се обрати кај д-р Мајкл Камрава, реномиран специјалист, кој ѝ вградил шест ембриони. Така ги добила своите први шест деца.

„Наместо за куќа, платив за вештачки оплодувања. Работев во болница и заштедив над 100.000 долари. Сè сама си платив, ниту цент од даночните обврзници не отиде за тоа“, потенцира Наѓа, рушејќи ги јавните заблуди.

Од шест на четиринаесет

Во 2008 година, со шест мали деца дома, Наѓа почувствувала силна желба за уште едно дете. И со последната заштеда, користејќи сперма од анонимен донор, направила нов обид. Но, д-р Камрава овој пат ѝ вградил дури дванаесет ембриони. Девет месеци подоцна – на свет доаѓаат осум здрави бебиња.

Хаос, напади, преживување

Родителството стана јавна драма: нападите не престануваа, ја нарекуваа неодговорна, лоша мајка, добиваше дури и закани по живот.

„Тоа беше хаос. Буквално се борев за опстанок“, вели таа.

Ќерка ѝ, Амерa, која тогаш имала шест години, се сеќава: „Бев збунета, вознемирена. Тоа беше премногу.“

Во следните години, Наѓа се обидувала да ги прехрани децата на секој можен начин – продавала интервјуа, сликала фотосесии, дури учествувала и во филм за возрасни, за што вели дека се кае, но го направила тоа „за да преживеат“. Во 2013 решава да се повлече, да се лекува, да се врати на себе – и да се посвети исклучиво на своите деца.

Нов почеток – и нова приказна

Денес, Наѓа се враќа во јавноста преку документарната серија „Исповести на Октомајка“, каде ја кажува својата вистина:

„Јас не сум таа поедноставена карикатура. Јас сум мајка. Ова е приказна за сила, опстанок и успех, и покрај сите пречки.“

Децата се денес повозрасни, си помагаат меѓусебно, а Наѓа, покрај тоа што е мајка на четиринаесет деца, од неодамна е и баба – нејзиниот најстар син доби свое дете.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button