CelebrityLIFESTYLETVПрепораки

Кога ноќта ќе се спушти време е за романтика – Еве каде да ја поканите саканата личност на невообичаен дејт

Advertisement

За романтика нема правила ни во време ни во години, без разлика на која возраст сте и без разлика дали иамте партнер или пак сакате некој да ви стане партнер ние сме тука да ви понудиме нешто интересно за љубовна средба.

Вообичаено вечера, кино или пикник се синоними за романтика, но ајде да бидеме малку креативни.

Advertisement

Нашиот предлог е вашата сакана личност да ја поканите на еден невообичаен дејт, а тоа е опера!

Во тек е 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“  во Националната опера и балет , а на програмата на 19 мај во понеделник  е изведбата на моќното ремек-дело „Набуко“ од Џузепе
Верди.

Advertisement

Побрзајте додека се уште има карти и изненадете го љубениот или љубената. Операта ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Грција, Мирон Михаилидис.

фото Пикселс

Насловната улога (Набуко) ќе ја толкува, Луис Кансино од Шпанија, во улогата на Абигаиле ќе
настапи Ханјинг Цо од Кина, Николина Јаневска ќе ја толкува улогата на Фенена, Уго Тарквини
(Италија) ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Џовани Пароди (Италија),
во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Ана Ројдева, Дејан Стоев, хорот, оркестарот,
балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „Илија Николовски
– Луј“.

фото Пикселс

Што е НАБУКО?

„Набуко“е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе
Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во
Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила
неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ,
нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат
само како позадина на романтичниот и политички заплет. Верди во една ноќ ја напишал
надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va,
pensiero, sull’ali dorate“ („Летај на златести крилја”).

фото: НОБ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button