Кога вашите блиски ве лажат или лошо се однесуваат со вас, тогаш проблемот е во нив, а не во вас.
Вашата самодоверба зависи само од тоа како се доживувате себеси и ништо повеќе од тоа. Лошото однесување на другите не е ваша вина и вие не треба да се срамите од тоа и да се обидувате да го сокриете, како да е ваша кривица. Всушност, ваквото однесување покажува дека таа личност е полна со проблеми кои би требало самата да си ги реши.
Љубовта никогаш не е лоша. Љубовта е прекрасна, волшебна, чиста и едноставна. Измамата е лоша и болна, лажењето е лошо, лошо е скршеното срце, но сите овие работи немаат поврзаност со љубовта. Само љубовта може да ги залеќи раните, но најважна е љубовта кон себе. Почнете да се сакате онакви какви што сте. Сфатете дека сте вредни и никогаш не прифаќајте нешто помалку од што заслужувате.
Фактот дека последната врска или последното раскинато пријателство ви било неуспешно, не значи дека такво ќе биде и следното. Никогаш не откажувајте се од љубовта, туку откажете се од личностите кои со своите постапки сакале да ви покажат дека љубовта е лоша. Една поговорка вели: „Најсилната и најдолгата лична врска која некогаш ќе ја имате, е врската со себе“.