MAMAКафе муабет

Кога некој ти недостига, таквата празнина ништо на светот не може да ја пополни

Advertisement

Кога некој ти недостига, како светот повеќе да не е ист. Сонцето повторно изгрева и заоѓа, но не за сите исто. Празнината која владее во душата го носи сето студенило…

Advertisement

Кога некој ти недостига, тешко е да го започнеш новиот ден со насмевка. Спомените навираат и очите се полнат со солзи. Тешко е да ја разликуваш светлината од темнината, зашто сивилото кое го завило срцето е потешко од сите работи. Чекаш, но знаеш дека тие очи повеќе нема да ги видиш. Се надеваш, но знаеш дека тоа е залудно. Го бараш тој лик, но знаеш дека никогаш повторно нема да го допреш.

Кога некој ти недостига, тешко е да го живееш животот во целост. Деновите доаѓаат и одминуваат, а ти немо зјапаш во фотографиите кои раѓаат болка, но истовремено и сеќавање на едно прекрасно и незаборавно минато. Ги подаваш рацете во празнината која стои пред тебе и чекаш да ти биде возвратена прегратката која до неодамна ти значеше живот. Но повторно се повлекуваш во себе и се обидуваш да се вратиш во реалноста.

Кога некој ти недостига, сите идеали на светот не се важни…

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button