Реклама
MAMAКафе муабет

Кога некој ќе ве потсети колку ВРЕДИТЕ, не враќајте им се на оние кои веќе ве повредиле

Реклама

Кога некој ќе ве потсети колку вредите, не враќајте им се на оние кои не знаеле да ја ценат вашата присутност и да го чуваат непроценливиот бисер во вас.

ФОТО: freepik.com

Свртете нова страница во вашиот живот и започнете да пишувате со доверба во себе. Обидете се да ги држете подалеку од себе негативните луѓе и не трудете се да им ја докажувате својата вредност. Оние кои ве сакаат, ќе ве сакаат онакви какви што сте. Кога некој ќе ве потсети колку вредите, спомнете си дека минатото не ја одредува иднината и дека во животот не ви требаат луѓе кои немаат свој карактер. Не копајте по старите рани, туку својата енергија насочете ја пред себе и на талентите со кои располагате. Излезете од односите кои имаат рок на траење, не затоа што сте нешто виновни, туку затоа што другите не знаеле дека го ценат она што го имаат пред себе.

Кога некој ќе ве потсети колку врердите, ќе сфатите дека љубовта кон себе и кон оние кои ве сакаат е најчудесниот лек кој може да ги излечи сите стари рани, па и да ви помогне со надеж да го започнете новиот ден, а не со старите стравови и сомнежи. Кога животот ќе почнете да го набљудувате од овој аспект, ќе научите да го препознаете својот глас и да се насочите кон вистинскиот пат. Ако нешто го добиваме лесно – тоа не го цениме доволно. Сето она што е добиено преку патење и болка, ви покажува колку е вредно тоа што го имате и она што сте.

Маркетинг

Исправете се, бидете храбри и прифатете ги предизвиците кои ви ги нуди животот! Сфатете ја својата вредност и не дозволувајте другите да ве натереат да се посомневате во неа.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button