И покрај тоа што фармерките се едни од омилените парчиња во секој женски плакар, на некои места навистина не е соодветно да ги носиме.
Проверете кога не треба да ги носите и кога е најдобро да ги замените со класични панталони или пак со некои други парчиња облека.
# ВЕНЧАВКА
Секако дека фармерките треба да останат во вашиот плакар кога одите на ваков настан. Според бонтонот ова правило можеме да го прескокнеме само ако младенците се тие кои бараат од вас лежерен дрес код и одбрале да носат фармерки.
Најубавите фармерки со висок струк за долго и топло лето »
# ПОГРЕБ
Секако дека не треба да споменуваме дека фармерките не се соодветни за вакви сериозни ситуации кога сакате да покажете почитување кон покојникот и неговото семејство. Еден од начините на искажување на почит е и облекување во духот на традицијата што налага облекување во облека која е во потемни нијанси.
# ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА
Кога одите на разговор со потенцијалниот работодавец треба да изгледате професионално, па дури и кога станува збор за лежерно опкружување.
Kако да ги носиме фармерките што се хит оваа сезона »
# КОГА ТРЕБА ДА ГИ ЗАПОЗНАЕТЕ РОДИТЕЛИТЕ НА ВАШИОТ ПАРТНЕР
И покрај тоа што некогаш фармерките со добар стајлинг можат да бидат подобар избор и од фустаните, сепак, најдобар впечаток ќе оставите во поелегантни парчиња како што се класични панталони или фустани.
# СИТЕ МЕСТА КОИ БАРААТ КОДЕКС НА ОБЛЕКУВАЊЕ
Театар, галерии, свечени вечери… Според правилата на бонтонот, овие места и пригоди налагаат да изберете елегантна облека и да изгелдате убаво. Како изгледа кога намерно не го почитувате кодексот на облекување покажа Канје Вест кој на општо неодобрување на модните професионалци за Мет галата избра да носи скинати фармерки.
Фармерки поради кои skinny кројот излегува од мода »
Па, доколку се подготвувате за купување на нови фармерки, проверете кои трендови се популарни оваа сезона, но и кои се најдобрите модели.
види повеќе » |