Наши ѕвезди

Кога не е на сцената е повлечен и срамежлив, но кога ќе го пушти својот глас, цел Балкан го слуша со мерак

Македонскиот Маринко Роквиќ го освојува Балканот

Advertisement

Ќе го гледаме и во финалето…

Кире Науновски од Свети Николе и покрај тоа што последниот настап му беше еден од најдобрите, тој одвај помина во шоуто.

Advertisement

Имено, тој беше еден од кандидатите за кого требаше да се гласа по првата полуфинална вечер во „Никогаш не е доцна“, и благодарение на гласачите Кире успеа да се стигне до финалето на шоуто.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Ситуацијата беше напната до самиот крај, но Кире успеа да победи и потоа им се заблагодари на своите гласачи.

Advertisement

Инаку, Кире по емисијата пред камерите на „Гранд“ откри и за кого ја испеал неговата последна песна во шоуто.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

И како што самиот вели, песната воопшто не ја избрал случајно, туку има своја емотивна позадина со кој ги разнежи сите.

„Тоа и го посветив на мојата сопруга. Таа ме поддржува, секогаш е со мене. Само во една емисија не беше дојдена, бидејќи не можеше заради работа, но затоа тука беше мојот син“, откри Кире за „Гранд“.

Фејсбук/ Кире Науновски

Потсетуваме, Кире е од Свети Николе и со музика се занимава речиси цели три децении, од својата 16 година.

Тој веќе 15 години ужива во својот убав и складен брак од кој има две деца, а токму тие му се и најголема поддршка.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Но и покрај тоа што речиси цел живот настапува по кафани, Кире признава дека е голем тремарош и дека тоа му е проблем.

„Целиот мој живот кај мене е само музиката. Друго не сум ни помислувал, ниту пак сум посакал да работам. Единствено што отсекогаш бев и останав срамежлив, голем тремарош сум“, изјави еднаш тој.

Фејсбук/ Кире Науновски

Но и покрај големата трема што ја има, Кире штом ќе се фати за микрофонот и ќе запее, веднаш ги освојува сите.

А дека тоа навистина е така и зошто го нарекуваат наследник на Маринко Роквиќ, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button