Тара му ја дава енергијата за да победи – прегратката на Ѓоковиќ и солзите радосници ги воодушевија сите
Ова беше најубавиот момент од целиот турнир
Нема некој на овој свет што не зборува за бројките и рекордите што ги постигна легендарниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.
Но и покрај неговите бројни трофеи и дивовски подвиг во овој спорт за кој уште многу време ќе треба да помине за некој да успее да му се доближи, кај овој тенисер постои уште нешто што сите се воодушевуваат.
А тоа е неговиот однос кон семејството што го покажа и кога емотивно ја гушна својата ќерка со солзи радосници на очите.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, АЗХ МХ
Оваа фотографија на која Ѓоквиќ по победата против Даниел Медведев во финалето на „УС Опен“ никого не остави рамнодушен.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, АЗХ МХ
Неговите фанови од целиот свет се радуваат на неговата победа, но воедно се воодушевени и од љубовта што овој човек ја има кон најблиските, така што моментот во кој гордиот татко ја гушка својата горда ќерка и не може да ги задржи солзите радосници, го заобиколи светот.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, АЗХ МХ
Нема некој што може да остане рамнодушен на оваа слика која покажува каков е Ѓоковиќ и надвор од терените, но и каков е неговиот однос како татко кон неговите деца, посебно кон ќерката Тара.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, АЗХ МХ
Имено, Ѓоковиќ никогаш не криел дека кон неа е посебно слаб, а тоа го покажа и сега, по победата над Медведев, кога најпрво на неа и пријде, ја зема во рацете, и тогаш пушти солзи од радост и среќа, додека неговиот ангел го гушкаше и се смееше пресреќна и таа на неговиот успех.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, АЗХ МХ
Потоа следуваше уште еден бакнеж, оној на Јелена и Новак, уште еден емотивен момент кој исто така допре до срцата на сите.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, АЗХ МХ
„Ја гледав целиот натпревар. Таа седеше во првиот ред, беше свртена кон мене додека седев на клупата и неколку пати се смеевме еден на друг. Таа има само шест години и токму во моментите кога требаше да ја имам таа разиграност и таа радост, и малку да се опуштам од големиот стрес, посебно во вториот сет, ќе ме погледнеше и ќе ми дадеше енергија“, вели легендарниот тенисер.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, АЗХ МХ
Како што самиот вели, тоа е и причината заради која првите емоции, првата радост и првите солзи сакаше да ги пушти токму кога ја зема и ја држеше во прегратки малата Тара.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, АЗХ МХ
„Затоа отидов кај неа. Секако затоа што ми е ќерка, но таа најмногу ми помогна во овој натпревар. Толку ја сакам, и неа, и мојата сопруга, синот Стефан и родителите – почувствувам поддршка и љубов од сите. Ова е нивен трофеј“, изјави кралот на тенисот пред новинарите по победата над Медведев и освоената 24. Грен Слем титула.