Кога оваа Македонка ќе запее, и Шерифовиќ и Босанац ѝ симнуваат капа – во Гранд беше една од најдобрите
Таа со една песна успеа и да го расплаче жирито...

Млада дама со посебен шарм
Шармантната пејачка Мими Јовановска од Велес пред неколку години се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“.
Кога се појави на сцената и ги покажа своите вокални способности, веднаш беше препознаена како нова голема ѕвезда.
Инстаграм/ Мими Нуне
Таа денес ужива во бракот со трубачот Филип Нуне со кого во 2023 година се оствари и в улога на мајка.
Тие денес важат за мошне складен пар, но и за едни од најбараните музичари кога се во прашање бендови за прослави и свадби.
Инстаграм/ Мими Нуне
Мими додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ имаше само 19 години, но некои од нејзини изведби во популарното шоу и денес се вртат на социјалните мрежи и ги воодушевуваат сите.
Една од нив е и песната „Животе мој“ од Уснија Реџепова, за која тогаш Ана Бекута откри дека Мими претходно ја немало слушнато воопшто, но толку генијално ја изведе, што дури и го расплака жирито.
Инстаграм/ Мими Нуне
Нејзината интерпретација беше толку многу добра и милозвучна што подоцна Марија Шерифовиќ и кажа дека пее точно како најскапоцениот швајцарски часовник. Комплименти доби и од Драган Стојковиќ Босанац, кој отсекогаш бил штур кога се комплименти во прашање за пеењето на кандидатите, но тогаш за Мими не штедеше убави зборови:
„Не беше добра, беше феноменална. Уби со својот глас душо“, и порача тогаш познатиот композитор на Мими.
Инстаграм/ Мими Нуне
Неколку години подоцна, Мими се уште плени како со својата харизма, така и со својот милозвучен глас.
Таа со својот неверојатен шарм, насмевка и енергија е млада дама која освојува на прв поглед, а големо внимание привлекува и со своите објави на социјалните мрежи на кои изгледа како вистинска дива.
Инстаграм/ Мими Нуне
Некои од нејзините последни изданија на Инстаграм, кои можат да послужат и за инспирација на многу дами, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Мими Нуне
Таа е доказ дека гласот и стасот можат да направат совршен спој, посебно кога ќе бидат зачинети на еден ваков совршен начин.
Прекрасна дама, нели?