Интервју

Кога ќе се „пензионирам” остатокот од животот ќе го поминам во патување – искрено со Адријана Ацевска

Приватно патувам секогаш кога имам време, ама затоа мислам дека кога ќе се „пензионирам“ остатокот од животот ќе го поминам во патување, вели познатата фолк-пејачка Адријана Ацевска во интервјуто за Гламур магазин

Реклама
Реклама

Гламур интервју со Адријана Ацевска

Секогаш насмеана и позитивна, убава и атрактивна, тоа е нашата фолк пеачка, битолчанката Адријана Ацевска.  Неодамна имаше една интервенција на гласните жици од која како што вели полека се враќа во нормала. Таа е речиси две децении професионално на нашата музичка сцена, а желбата да биде пеачка ја имала во себе уште како малечка. Во јавноста е позната и како Адријана Кеш, заради песната „Кеш“ што ја сними пред 15 години, а што вели нашата позната фолк-пејачка за ова нејзина песна, но и за многу други работи што ни ги откри од нејзиниот живот, прочитајте во продолжение…

Приватна архива

Прашање: Неодамна имавте една интервенција на гласните жици, па на почеток да Ве прашам како сте и дали се опоравивте? Што точно беше проблемот?

Да, имав полипи на гласни жици, тоа во глобала е проблем на сите пејачи. Јас заради постојани ангажмани ја одлагав повеќе од година дена и веќе беше неизбежно, фала му на Бога полека се враќам во нормала и се надевам дека за скоро ке бидам старата јас 🙂

Маркетинг

Прашање: Со оглед на тоа што гласот за Вас е многу важен, колку го негувате и дали после оваа интервенција имате некои посебни препораки?

На нас пејачите гласот ни е инструментот. Редовни инхалации, распевање пред настап, природни чаеви наменети за гласинки, одмор, избегнување цигари и алкохол…

Тоа е се што препорачуваат стручните лица…па овој совет може да помогне и на некој колега доколку има таков проблем и го прочита интервјуто🙂

Маркетинг

Прашање: Во јавноста сте повеќе позната како Адријана Кеш – по името на песната по која станавте препознатлива. Дали оваa песна Ви ја одбележа кариерата и дали неa најмногу Ви ја бараат на настапи?

Песната која ја снимив пред 15 год и за која уште се зборува хаха. На настап обично ми ги бараат сите песни во тој стил, неизбежно за подигање на атмосфера…а за душа знам да си ги пеам и баладите кои исто ги имам доста ама за жал не се издвоија како „Кеш“.

Приватна архива

Прашање: Со години сте присутни на нашата фолк сцена. Од каде талентот за пеење и како одлучивте да се занимавате со оваа професија?

На сцена сум повеќе од 20 од кои 16 професионално активни. Иако моите родители никогаш не се занимавале со музика, биле главни изведувачи на сите забави со најблиските во домашна атмосфера.🙂

Мајка ми пееше преубаво а татко ми ја пратеше на гитара на која и денес знае да засвири нешто. А јас уште како дете на прашањето што ќе бидеш кога ќе пораснеш сум одговарала пеачка за подоцна да се запишам во нижо, па во средно музичко и така да продолжам со музика до ден денес.. што значи си го остварив детскиот сон, а и го искористив талентот.

Прашање: Некако како да не сте премногу присутни на фестивалите, зошто?

Па и не баш дека не сум. Ме има ама сепак мислам дека кај нас фестивалите почнаа да го губат сјајот што го имале некогаш.

Прашање: Каква е дружбата меѓу колешките? Се поддржувате ли  и со кого се дружите најмногу?

Јас во своите колеги не гледам конкуренција. Не дека сметам дека сум најдобра туку дека сите ние имаме своја публика, газиме по својот пат и секој има своја среќа, и како таква се дружам со сите… Би ги издвоила Стојне Николова, Анета Мицевска, Ирена Вељовска и Тања Јовановска затоа што со нив и често знаеме да заминеме на некое патување.

Прашање: Многу настапи имате и во дијаспората, па ќе ни кажете ли каде најубаво сте си поминале со настапи, но и финансиски, некое ваше гостување што Ви оставило најубав впечаток?

Јас си ја сакам нацијата и каде и да сум во светот кога публиката доаѓа да ги слуша песните од своите корени и пеат во еден глас си помиинувам најубаво и се осеќам како дома. И секако дека тоа многу повеќе ме исполнува него материјалното.

Прашање: Што недостига на нашата фолк сцена?

Мислам дека недостасува меѓусебната поддршка. Во соседството изведувачите песните си ги прават хитови така што секоја нова песна ја ставаат во репертоар за свој настап, кај нас тоа за жал го има многу ретко и многу повеќе го почитуваме туѓото отколку своето.

Приватна архива

Прашање: Пред извесен период имавме можност  да ве видиме и во поткастот „Искрено“ кој го работите со стенд ап комичарката и писателка на романи Ивана Наскова. Како дојде до соработката и како се снајдовте во оваа улога? Се пронајдовте ли малку и во водителството?

Со Ивана случајно се погоди да бидеме гости во емисија и како ни тргна муабетот со надополнување и преубава енергија, продуцентот на емисијата дојде до идеја да не поврзи…на почеток мислев дека нема да се снајдам, сепак гостин и водител е сосема поразлично, ама како продолжија снимањата веќе бев се по опуштена и почнав да се пронаоѓам во таа улога.

Среќа што екипата е со долгогодишно искуство па имав и од кој да учам, ми треба уште многу ама мислам дека тоа е нешто што покрај музиката би можела да го работам🙂

Прашање: Секогаш насмеана и позитивна сте, оставате впечаток на силна личност подготвена да се носи со сите предизвици, но во еден период од животот се соочивте со анксиозност. Како успеавте да се справите со овој проблем и дали сега излеговте од тоа уште посилни?

Мислите се нашиот најголем непријател кога е во прашање анксиозноста.Така се прават проблеми и кај што ги нема. Тоа ти е корисен механизам кој се јавува во погрешно време🙂Не дека и ден денес не се борам, само што веќе си го познавам непријателот, колку повеќе тренирам станувам појака и се надевам дека некогаш ќе го победам. Сега за сега, сеуште сме нерешено 🙂

Приватна архива

Прашање: Во Битола сте позната како голема хуманитарка, која по секоја турнеја надвор од земјава задолжително донира на свои сограѓани. Да бидеш денес хуман е доблест и реткост, од каде поривот за хуманост?

Рака што дава не се суши, ама и кога давам тоа не го правам на начин да се знае…Среќна сум кога можам да направам некој среќен тоа ме исполнува.

Многу ми е жал што паднавме на ниво секоја втора објава да биде дека некому му треба таква помош, а доброто е што се повеќе има организации и индивидуи кои и те како помагаат.

Прашање: Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

Утрото ми започнува во зависност од тоа кога сум заспала вечерта. Обично спијам 8 саати. На сите од нас веќе ни е лесно достапна негата за и лице па и препарати и маски кои се приготвуваат во домашни услови… Дневна и ноќна крема…хидратација и масажа .Ама ништо од ова не би имало ефект ако ја немам насмевката, а таа прави лицето да ми свети 🙂

Прашање: Изгледате многу привлечно и линијата ја одржувате одлично. Како успевате, имате некој посебен режим?

Често знам да се пошегувам дека цел живот сум на режим. Лесно се поправам, а тешко слабеам. И така за 2 месеци уживање ми требаат 6 месеци гладување. Од пред две години веќе секој понеделник почнувам со вежбање само никако да дојде тој понеделник. Изгледа треба да го сменам денот (хаха).

Приватна архива

Прашање: Како се релаксирате и ја обновувате енергијата?

Дневна доза кафе со најблиските и спокојот кој го имам во мојот дом. А ако имам малку повеќе време тогаш секое излегување надвор од границите, па макар и на викенд ме полни со енергија .

Прашање: Чита ли книги Андријана и која би ја издвоиле?

Читам да и кога читам сакам тоа да биде во еден здив што значи често заспивам во раните утрински часови се додека не ја завршам. Во зависност од расположението е и жанрот…на лето некое лесно комедија романче на плажа…. Кога ми фали енергија тогаш мотивациони, а многу сакам и трилери. Книги кои би ги препорачала се Моќта на потсвеста од Џозеф Марфи и Медитации од Марко Аурелиј…

Приватна архива

Прашање: Многу сакате да патувате, која би била Вашата следна дестинација?

Баш сега додека ви ги одговарам прашањата ја договараме летната дестинација (хаха). Уживам кога патувам, сакам да запознавам нови култури, нови места начин на живеење, различна храна. Имав среќа што со мојата професија имам прошетано многу градови, држави, континенти.

Приватно патувам секогаш кога имам време, ама затоа мислам дека кога ќе се “пензионирам” остатокот од животот ќе го поминам во патување (хахах).

Прашање: Што е за Вас поим за среќа?

Јас сум човек кој го исполнува духовното. Среќа е љубовта, среќа е се она што ми става насмевка на лицето, среќа е здравјето, среќа е кога улично куче мрда со опашката кога си играш со него, среќа е среќата на блиските, среќа е остварена желба…

Среќата не е нешто што посакуваме, среќата е нешто што создаваме 🙂

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button