FashionСтил

Кога имаш моќен дедо – внуката на Трамп претстави своја модна линија во Белата куќа

Внуката на американскиот претседател Доналд Трамп ја претстави модната линија што го носи нејзиното име, со промотивни фотографии направени пред Белата куќа, на кои тинејџерката носи дуксер од 130 долари.

Advertisement

Ќерката на Дон Џуниор и внука на Доналд Трамп, застана покрај својот славен дедо, носејќи еден од производите на својата модна линија, додека тој одговараше на прашањата на новинарите пред Белата куќа.

фото- Instagram / kaitrumpgolfer

„Ова е Каи, инаку,“ им се обрати Трамп на новинарите во Вашингтон, претставувајќи ја својата 18-годишна внука која одржа краток говор на минатогодишната Републиканска национална конвенција.

Advertisement

Дедото и внуката, кои инаку се љубители на голфот, потоа заедно се качија во хеликоптер за да заминат на натпреварот Рајдер Куп.

Најстарата од внуците на американскиот претседател, Каи, која се очекува следната година да се приклучи на голф тимот на Универзитетот во Мајами, го најави лансирањето на својата модна линија преку социјалните мрежи во четврток.

На веб-страницата на која се продаваат дуксерите на Каи може да се види дека тие чинат од 130 долари па нагоре. Моделите се многу едноставни, со кружен изрез и со нејзините иницијали извезени на градите, како и со потпис на ракавот. Во улога на модел позира самата Каи. И тоа, баш пред Белата куќа.

Advertisement
фото- Instagram / kaitrumpgolfer

Родителите на Каи се разведени. Мајката на Каи, Ванеса, е поранешен модел и поранешна сопруга на Доналд Трамп Џуниор. Ванеса и Доналд Трамп Џуниор беа во брак од 2005 до 2018 година и имаат пет деца, вклучувајќи ја и Каи, која е најстара од децата. По разводот, Ванеса започна врска со славниот голфер Тајгер Вудс, која беше потврдена во март 2025 година.

За разлика од претходните државни лидери, сегашниот претседател на САД е познат по продажба на голем број производи кои го носат неговото име.

Милијардерот редовно е критикуван дека ја користи својата позиција за промовирање на финансиските интереси на семејството Трамп, особено во недвижности или криптовалути.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button