Повеќето луѓе тешко може да ги со замислат почетокот на денот без кафе. Но, експрттите тврдат дека омилениот напиток подобро е да го консумирате подоцна во денот.
Кафето веднаш после будење може да ве направи понервозни и премногу активни, но и многу уморни од сето тоа, неколку часа подоцна. После будењето организмот сам по себе започнува да произведува зголемено ниво на кортизол, хормон на стресот кој не буди. Ако на тоа додадете кофеин, кој го прави истото, толку кортизол едноставно може да биде премногу.
Кога после неколку часа таквата дуплирана количина на кортизол ќе се истроши, настапува чувство на голем умор. Затоа, совет од нутриционистите е првото утринско кафе да го испиете неколку часа по будењето. Три до четири часа би било доволно, а најдобро е сепак првото кафе да го пиете во попладневните часови, кога нивото на кортизол е најниско, па ќе имате најголема корист од кафето.