MAMAДом и семејство

Кога детето ви вели дека му е досадно, одговорете му вака – познат психијатар објаснува што е единствено правилно

Родителите кои прават премногу за своите деца, всушност одгледуваат ментално слаби личности.

Advertisement

Познатиот психијатар д-р Даниел Ејмен открива кој е најдобриот одговор кога детето ќе се пожали дека му е досадно.

Доктор Даниел Ејмен, принтскрин јутјуб

Тој е американски психијатар, специјалист за невролошки нарушувања и основач на клиника за ментално здравје која го носи неговото име. Често гостува во различни емисии и подкасти, каде што споделува конкретни совети, практични алатки и моќни стратегии кои помагаат во градењето ментална сила и развој на здрави навики.

Advertisement

Во едно од неговите последни гостувања, изјави дека родителите кои прават премногу за своите деца, всушност одгледуваат ментално слаби личности.

пекселс

„Ако правите повеќе за вашите деца отколку што е потребно, само си ја зголемувате вашето самодоверба, но крадете од нивната. Зашто менталната сила се развива преку решавање на проблеми. Затоа, ако мојата ќерка го заборави домашното, никој нема да истрча до училиште да ѝ го донесе. Ако не си ја понела јакната иако надвор е студено, а мајка ѝ ѝ рекла да ја земе – никој нема да ѝ ја донесе“, објаснува д-р Ејмен.

Тој открива и кој е единствениот правилен одговор кога детето ќе ви каже дека му е досадно:

Advertisement

„Наместо веднаш да се обидете да го решите проблемот, едноставно кажете: ‘Се прашувам што планираш да направиш во врска со тоа?’

И потоа, замолчете.

Оставете го самото да ги решаваат своите проблеми и да најде решенија, наместо вие да го правите тоа наместо вашето дете“, вели д-р Ејмен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button