Кога Анета се појави сите гледаа во нејзините нозе – ќе се изненадите од ова издание на пејачката (фото)
Интересно издание за патување со авион...

Потполно неочекуван, но крајно шик избор!
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска во последно време често привлекува внимание и со своите модни приказни..
Па така и ова нејзино издание не можеше да помине незабележано, посебно заради еден детаљ што го носеше.
Имено, познатата пејачка веќе со години наназад најчесто ја гледаме во елегантни тоалети и високи потпетици, но тоа најчесто се однесува за нејзините сценски настапи.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Но, во секојдневието Анета негува малку поинаков стил, па навистина вистинско изненадување е секогаш кога ќе ја видиме во едно вакво издание какво што носеше овие денови.
И бидејќи пејачката во последно време се почесто експериментира со стилот, оваа приказна ја следат и нејзините модни додатоци.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Овој пат главна тема се чизмите со кои Анета се појави на аеродромот и со кои отпатува во Швајцарија каде вчера одржа концерт.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Станува збор за црни, рамни чизми, во војнички стил, а многумина беа пријатно изненадени од ова нејзин младешко издание.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа ги носеше со тесни црни фармерки и сива блуска со ролка јака, преку која носеше класичен црн капут.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Од друга страна нејзината шминка и фризура беа едноставни, што е потполно соодветно за едно вакво издание.
Во продолжение погледнете уште неколку интересни комбинации на Анета и во коментарите кажете ни што мислите за нејзиниот стил?