Реклама
Наши ѕвезди

Коцев удрил полицаец со 180 км на час и избегал?! Ова е шокантна вест, само што нема врска со реалноста

Коцев главна вест и во соседството?!

Реклама

Боже, Боже, што сé ќе прочиташ во медиумите…

Вчера главна вест беше дека Сашко Коцев прегазил полицаец. И не само што го прегазил, туку и избегал од местото на „злосторството“.

И не само што избегал од местото на настанот, туку и веднаш бил фатен и приведен и тоа од страна на српски полицаец?!

Маркетинг

На патот Бујановац-Прешево, каде поминувала српската делегација со српскиот патријарх?!

Маркетинг
Принтскрин

Да, да, знаеме дека звучи збунувачки, но ваква вест пренесе српскиот „Телеграф“ со наслов „Познат македонски актер со автомобил удрил српски полицаец – возел преку 180 километри на час, па избегал по несреќата“. И потоа во самиот текст се вели дека Сашко Коцев удрил полицаец со автомобил и потоа избегал и тоа на патот помеѓу Бујановац и Прешево, по што избегал.

Принтскрин

Телеграф потоа пренесува дека оваа вест е и потврдена, од таму некој си јавен обвинител од Бујановац, па во веста пишува:

„Му одредивме задржување на државјанинот на Македонија Ј.А (2002) затоа што денес на автопатот кај Бујановац возел 184 километри на час, удри во службено полициско возило и во таа пригода повреден е еден полицаец. Од ударот оштетен е и еден полициски радар. Материјалната штета што е направена во таа пригода се проценува на околу 2 милиони динари“, изјавил Накиќ, а пишува српскиот „Телеграф“.

Принтскрин

Е сега, во што е проблемот…

Како прво Сашко Коцев не може да биде лицето Ј.А., ниту пак е роден 2002 година, туку речиси цели две децении порано.

Коцев на сцена

И оваа вест нема никаква врска со вистината.

Најверојатно станува збор за две различни вести, а некој наш креативен колега ги поврзал и ете – бомба вест за целиот Балкан.

Ем патријархот вклучен, ем најпознатиот македонски актер, ем избегал од местото на несреќата, ама сепак бил фатен?!

Коцев на сцена

Што навистина се случило, по ѓаволите?

Како што објавија вчера нашите медиуми, пренесувајќи изјава од Коцев, но и она што беше објавена во полицискиот билтен, лицето С.К наводно управувајќи патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

И како што пишува во билтенот (види ја сликата во продолжение) Коцев притоа и агресивно се однесувал. По што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото.

Принтскрин/ МВР билтен

Ова го пишува во вчерашниот полициски билтен, со објаснение дека се преземаат мерки за да се расчисти случајот.

Од друга страна, Сашко Коцев го негира целиот случај и за Гламур изјави дека него досега никој од МВР не го контактирал.

Како што вели тој, никого не удрил со автомобилот, туку едноставно му кажал на лицето што стоело на патот да се тргне и го одминал, притоа не знаејќи дека се полицајци затоа што не биле во униформа.

„И реков да се тргне и го одминав. Не знаев дека се полицајци“, вели Сашко вознемирен од сето она што се случува.

Од друга страна, според наши извори, познатиот актер од МВР најверојатно не бил контактиран затоа што откако биле прегледани камерите, кои го снимиле инцидентот, било увидено дека нема никаков случај или дело.

Потсетуваме, и самиот Коцев за медиумите изјави дека полицаецот бил тој што удрил со раката во неговото возило и дека притоа ја вознемирил неговата малолетна ќерка која била со него во автомобилот. И како што вели тој, не знаел дека станува збор за полиција и решил наместо да се расправа, да си замине, притоа никого не удирајќи.

Коцев на сцена

Повеќе детали за случајот наскоро – и ако не на „Златната Бубамара на популарноста“ во некој шеговит формат, тогаш секако не накој негов следен стенд-ап. Се надеваме дека до тогаш српскиот патријарх ќе се смилува и ќе го пуштат Коцев од прешевските зандани. :)

Бонус видео

Ова е краток филм со Коцев, не е апсурдната ситуација што му се случи вчера…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button