KOНЕЧНО УБАВИ ВЕСТИ – Наскоро ново намалување на цените на производите во маркетите!

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска повтори дека производите наведени во Одлуката за „гарантирана цена“ нема да бидат опфатени со предвиденото зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ).
Доколку има какви било технички грешки, рече Бектеши, ќе се корегираат.
Тој уште еднаш потсети дека листата на производи со зголемен ДДВ е предлог на Министерството за финансии и на неа, истакна, со месеци работеле стручни луѓе.

Според Бектеши, сепак, повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ.
-Доколку има какви било технички грешки, ќе се корегираат, а и веќе се коригирани целосно. Направено е и повеќе од тоа по предлог на медиумите и на граѓаните.
Листата се прошири и повеќето од производите остануваат со пет отсто ДДВ. За останатите производи, како е утврдено да одат од пет до 10 отсто и кои се критериумите, би ве замолил да се обратите до Министерството за финансии.

За нас, како Министерство за економија, е важно основните прехранбени производи, тие кои се на листата за замрзнати цени и со ознаката „гарантирана цена“ да останат на пет отсто ДДВ и тоа ќе биде така, нагласи Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора.
Тој рече дека се подготвува целосно нов Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, а прописот ќе се носи по скратена постапка по консултациите кои ќе траат уште 20-тина дена.

фото пекселс
Според Бектеши, главната поента на овој Закон е тоа што на само 10 отсто ќе се ограничи рабатот – профитната маржа на еден производ што ја одредува производителот, а не продавачот.
Ова, според Бектеши, ќе го подобри и квалитетот на производот, бидејќи на многу продукти им се губат својствата кога не се продаваат само поради тоа што производителот „го увенува“ продавачот да го нуди со висока маржа.

фото пекселс
Во некои случаи малопродажната цена ја одредува производителот (најчесто на прехрамбени и други производи за широка потрошувачка) и во тој случај одобрува рабат.
Рабат е разликата во набавната и продажната цена што ја одредува производителот и често малопродажната цена е означена на амбалажата на производот. Во тој случај трговецот не би смеел да ја зголемува цената.

фото пекселс
– Нема да се дозволи да се наметнува моќта на една компанија да се наметнува кај другите. Овој закон кога ќе стапи во сила ќе делува веднаш на намалувањето на цените на производите.
Во подобрувањето на квалитетот на производите, во предвидливоста и сигурноста и на продавачите и на купувачите, соглансо нефер трговските практики. Таму е наведено колку може процентуално да биде максималниот рабат.
Тие рабати надминуваат и 30, па и 40 отсто од производствената цена. Со ова законско решение процентот ќе биде најмногу 10 отсто, што ќе влијае на цените веднаш и директно, рече Бектеши.

фото пекселс
Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија рече дека генерално бизнисот нема забелешки за предложениот Закон, а единствено дека треба да се разгледа рокот од шест месеци за стапување во сила, затоа што производителите и продавачите ги прават договорите на годишно ниво.
Бектеши дополни дека во прописот стои дека глобите за непочитување на ваквите правила ќе достигнуваат и до 20.000 евра.




