Ивана Илиќ, мајката на малата Данка (2) на 26 март во 13 часот и 45 минути пријавила исчезнување на својата ќерка, а трагедијата се случила по само седум минути.
Потрагата по Данка Илиќ (2) завршила трагично, бидејќи двајца мажи признале дека го убиле девојчето.
Две лица за уапсени поради убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, објави српскиот претседател Александар Вучиќ. Судбината на девојчето од Бор беше непозната откако таа исчезна пред десетина дена, а случајот стана главна тема во целиот регион.
Вучиќ кажа дека овие две лица признале дека ја убиле Данка.
„Имам лоши вести за ова дете, за нашата Данка од Бор. Полицијата уапси две лица кои го извршиле убиството на Данка и колку што сфатив, тие го признале злосторството. Тие ја водат полицијата до местото каде што го фрлиле телото“, изјави Вучиќ на прес-конференција.
Потрагата по Данка се протегна сѐ до Виена, откако се појавија информации дека таа била видена таму, што потоа беше демантирано од австриската полиција.
Данка Илиќ исчезна на 26 март во населбата Бањско Поле кај Бор, по што уследи масовна потрага која донесе малку резултати.
Убиството го извршиле двајца вработени во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор, С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот, јавува atvbl.rs.
– С.Ј. е осомничен дека со службеното возило „Фиат панда“ на улицата „Радомир Путника“ удрил во пешак, двегодишната Данка Илиќ и ја убил. Заедно со колега од Д.Д., телото на убиената Данка го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде што телото го исфрлиле на десната страна од патот. – вели извор близок до истрагата.