Реклама
Култура[тор]

На клупа или во природа: Неколку убави книги кои можат да ви го одземат здивот!

Реклама

Емотивните приказни се нешто што секогаш знае да нè разнежни и да нè доведе во состојба да пуштиме по некоја солза додека читаме.

kinig2

„Патот на светулките“ – Кристин Хана

Маркетинг

Ова четиво одлично го опишува животот во време на седумдесеттите, преку животните приказни на две девојки. Навидум спротивни, а всушност две тела, една душа: Кејт, која е осудена да живее семеен живот и Тали, заробена во светот на гламурот и мистеријата. Сепак, она што нив ги спојува е силното пријателство и неуништливата врска.

„Крадачка на книги“ – Маркус Зусак

Маркетинг

„Крадачка на книги“ е дело на австралискиот писател Маркус Зусак, коешто говори за животот на млада девојка од Германија за време на холокаустот. Со самиот факт дека дејството се одвива во време кога насекаде владее смртта, авторската идеја лежи во пренесувањето на таквата емоција кон читателите. Секоја реченица е испреплетена со бурни чувства, чесни пријателства, сиромаштија, хуманост. Ова дело е трн во око дури и за оние кои никогаш не заплакале читајќи книжевно дело. Наша топла препорака…

„Година на магичното размислување“ – Џоан Дидион

Доколку барате емотивна книга која ќе ви го стопли срцето, тогаш вистинскиот избор ќе го направите доколку ја прочитате „Година на магичното размислување“ од Џоан Дидион.

kniga1

Ова е интимна исповед на една американска писателка за сè што таа преживеала по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг. Соочена со големата загуба, почнува да пишува дневник каде што ги бележи своите подеми и падови и соочувањето со неминовниот крај. Кога еден живот згаснува, како другиот продолжува да живее?

„Екстремно гласно и неверојатно блиску“ – Џонатан Сафран

Се работи за оригинална исповед на Џонатан Сафран. Оваа инвентивна приказна зборува за 9-годишното дете, кое две години по смртта на неговиот татко, пронаоѓа мистериозен клуч во сина вазна. Пронаоѓањето на клучот го поттикнува малиот Оскар да тргне во мисија, низ која го води љубопитноста, остроумноста и бујната фантазија.

„Патот на светулките“ – Кристин Хана

Ова четиво одлично го опишува животот во време на седумдесеттите, преку животните приказни на две девојки. Навидум спротивни, а всушност две тела, една душа: Кејт, која е осудена да живее семеен живот и Тали, заробена во светот на гламурот и мистеријата. Сепак, она што нив ги спојува е силното пријателство и неуништливата врска.
  

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button