Задебелените веѓи продолжуваат да бидат нешто што со кое сме опседнати во светот на убавината.
А Џордана Брустер е една од ѕвездите на црвениот тепих кога сме на оваа тема. Нејзините веѓи се вака задебелни во текот на целата нејзина кариера. И доколку ја „истражиме“ оваа слика од премиерата на Алманах, може да ја дознаеме нивната тајна. Подготвени сте да ги погледнеме одблиску? Продолжете со читањето…
Сега, ајде да ги зумираме!
Неколку работи кои треба да се истакнат:
(1) Веѓите не ù се толку обликувани колку што ù се уредени – залутаните влакна се отидени под аркадата, а рабовите не се премногу негувани.
(2) Тие се чешлани (и спитомени). Ова е важно за отворање на целата област околу очите.
И (3) има или молив или прав помеѓу влакната овде, што ги пополнуваат празнините. Да, дури и природно задебелените веѓи може да имаат корист од малку пополнување, дами. Доказот за ова е токму тука.
Сакате да видите некој друг интересен трик за убавина? Кликнете тука и дознајте како да направите гламурозна шминка и тоа од видео туторијал на девојка од Македонија.
.