Реклама
Нега и здравје

ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ: Како да се исклучи клучниот протеин и да се намалат туморите за 80%

Реклама

Познат е како протеин кој е најчест предизвикувач на рак, односно директно е одговорен за 30% од сите заболувања. Индиректно, вклучен е буквално во сите форми на овие ужасни болести.

Маркетинг

Повеќе од 30 години научниците неуспешно се обидувале да пронајдат начин како да се контрола протеинот познат како Рас. Сега, конечно, научниците од Универзитетот во Торонто успеале да пронајдат начин како да го исклучите Рас, користејќи експериментален лек.

Нивното откритие би можело да биде пресвртна точка во борбата против ракот.

„Научниците веќе со децении се обидуваа да го исклучат протеинот Рас“, изјави професорот Мајкл Ох, од Медицинскиот факултетот при Универзитето и додава: „Но, и покрај напорите, со години не напредувавме многу. Всушност, наречен е неизлечив протеин“.

Маркетинг

Неконтролиран раст на клетките

Во нормални околности, Рас го стимулира растот на клетките, но протеинто исто така може да предизвика и неконтролиран раст на клетките доколку мутира или стане дерегулиран. Затоа е клучен фактор во многу видови рак и мутира во повеќе од 90% од случаите на рак на панкреасот, којшто е еден од најсмртоносните видови на болеста.

Професорот Ох и неговиот тим откриле дека друг друг протеин, наречен SHP2, е ефикасен во исклучувањето на Рас.

„Нашата лабораторија е позната по друга области во биологијата на ракот, но на барање на колегите влеговме во област која се занимава со Рас, пред околу пет години, за да ги проучиме мутациите во една ретка форма на детска леукемија. Бевме изненадени кога откривме дека никој не го идентификувал SHP2 како окинувач што го регулира Рас и дека тој може да го контролира.“

Работејќи заедно со научниците од Универзитетот во Индијана и Здравствената мрежа на Универзитетот во Торонто, екипата го тестираше инхибиторот SHP2на глувци со глиобластом,  најчеста и најагресивна форма на ракот на мозокот.

Шокантен напредок

Научниците биле шокирани кога откриле дека инхибиторниот лек ги намалил туморите за повеќе од 80%.

„Резултатите на инхибиторот беа неверојатни, тотално нè шокираа“, изјави професорот Ох. „Ништо дотогаш немаше сличен учинок.“

Следниот чекор ќе биде тестирање на глувци кои имаат човечки облик на тумор на панкреасот. Ако инхибиторот ЅНР се покаже како ефикасен, истражувачите ќе го користат ова како доказ да се овозможи понатамошно тестирање кај луѓето.

„Освен што сум научник, јас сум и гастроентеролог и се среќавам со голем број пациенти со рак на панкреасот,“ вели Јошохито Кано, ко-автор на студијата. „Овие пациенти обично умираат во рок од една година, дури и со хемотерапија, така што овој лек би можел потенцијално да го промени животот на моите пациенти.“

Додека нивното истражување сè уште е во рана фаза, професорот Ох и неговиот тим се надеваат дека нивното откритие ќе отвори нови перспективи и можеби ќе го промени начинот на лекување на ракот.

„Доколку подобро разбереме како функционира протеинот што предизвикува рак, се надеваме дека ќе бидеме во можност да го контролираме многу подобро отколку порано. На крајот, сакаме и другите научници да градат врз основа на нашите заклучоци и на тој начин да им обезбедат повеќе опции на пациентите.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button