Реклама
Холивуд

Старлетата мисли само на себе и на својот изглед – Клои Кардашијан во незгодна ситуација поради бременоста

Реклама

Клои се најде во мошне непријатна ситуација поради бременоста

Познатата риалити ѕвезда заедно со нејзината мајка Крис Џенер и поранешниот сопруг на нејзината сестра Кортни, Скот Диск, беше на ручек во Малибу, а папараците ја снимаа на излегување од ресторанот. Клои за таа пригода носеше тесен, црн комбинезон и сатенско елече со кое се обидуваше да го прикрие бремениот стомак. Таа и покрај тоа што е во 30 недела од бременоста, се уште не се откажува од тесната облека, а богами и од опасните високи потпетици кои многу девојки не можат да ги носат ни трезни, а камоли во блажена состојба. Но токму затоа 33 годишната ѕвезда се најде на удар на непријатна критика. Имено, на социјалните мрежи многумина ја обвинија дека свесно го загрозува животот на своето бебе. „Високи потпетици, филери на усните, акрилни нокти и бланширана коса.. па сето тоа е штетно за бебето. Старлетата мисли само на себе и на својот изглед“ гласи само еден од многуте негативни коментари.

Маркетинг

Од фотографиите можеме да видиме и дека Клои има вишок килограми што е потполно нормално за бремена жена, но ако ја земеме во предвид нејзината опседнатост со нејзиниот изглед и вежбањето, голема е веројатноста познатата старлета брзо откако ќе се породи повторно да се врати во топ форма.

Маркетинг

Од друга страна пак времето ќе покаже дали на сестрата на Ким Кардашијан и откако ќе се породи изгледот и „високите потпетици“ ќе и бидат „поважни“ од мајчинството и бебето или не.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button