Mercedes CLS е најубавиот автомобил на улиците, а кратенката AMG 63 веќе со години им лепи „плуканици в лице“ на конкурентите.
Математиката ги решава сите животни заблуди. А сметката во овој случај оди отприлика вака: 30 години отплаќајте по 500 евра месечно и наместо да купите стан, почастете се со CLS 63 AMG на Mercedes. Каматите секако дека не се пресметани – во тој случај кредитот ќе треба да го отплаќате некои 60 години. Ако преживеете толку, се разбира. Можете да се обидете и со еднократна готовинска уплата, доколку вие или едниот ваш родител ви е стечаен управник, локален политички моќник или пак вие сте во некој случај пред потпишување на договор со Real Madrid.
Со фино заокружена сумичка од околу 150 000 евра (до регистрација), CLS 63 AMG влегува во престижното друштво на прескапи модели, но во живото пред сé треба да се биде сериозен. Бидејчи 150 000 евра е скоро беспари за најлудиот Mercedes кој што легално можете да го возите по улиците, а воедно и единствен Mercedes со мотор кој што е во целост ремек дело на студиото на AMG. Природните 520 КС се пренесуваат на подлогата по пат на 7 степенски полуавтоматски менувач, со забрзување од 4,3 секунди и лимитирани 250 km/h. Среќа во несреќа е што со минимална доплата, AMG со задоволство ќе ја тргнат блокадата, а границата тогаш му е 340 km/h. Да се зборува за било каква конкуренција е сосема излишно – ова е најубавиот автомобил на светот. Сé останато е само фрлање пари во ветер.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.