Диети

Како да ослабите без гладување

Реклама
Реклама

Ако сакате да ослабите не значи дека мора да се мачите, да гладувате и да го истоштувате организмот.

Маркетинг

Наместо тоа, пробајте да внесете некои мали промени кои можат да дадат големи резултати. Придржувајте се на следниве правила за да осигурите соодветна распределба на калориите во текот на денот што ќе ви овозможи да ослабите без гладување:

Јадете го ручекот 2-3 часа по појадокот или утринската ужина

Како што укажуваат многу истражувања, ручекот треба да биде главниот и најобилниот оброк во текот на денот, а не вечерата, која знае да биде најкалоричниот оброк на менито на многу луѓе. Главното правило е да внесувате повеќе калории во текот на денот, а помалку навечер за да имате прилика да ги согорите тие калории во текот на денот, со секојдневните работни и други активности. Ваквиот начин на исхрана исто така ќе овозможи да се чувствувате сити во текот на денот, а со тоа ќе се намалат шансите да се прејадете навечер, како што обично бива ако сте биле гладни цел ден.

Маркетинг

Јадете храна што содржи растителни влакна

Наместо главниот дел од оброците да ви се базира на јаглени хидрати, и тоа претежно на оние нездравите, потрудете се во исхраната да внесете повеќе намирници кои содржат големи количини на растителни влакна, како на пример интегрални житарки и зеленчук. Ваквите намирници подолго време се варат така што подолго време ќе се чувствувате сити, со што нема да се доведувате во ситуации да се прејадете во текот на следниот оброк.

Внесете повеќе протеини во исхраната

Протеините ќе ви овозможат да одржувате задоволително ниво на енергија во текот на денот и затоа мора да бидат неизоставен дел од вашата исхрана. На жените им се потребни околу 50 грама протеини дневно. Најголемата количина протеини се препорачува да се внесе со вечерниот оброк, и тоа околу 20-30 грама.

Вечерата не треба да се базира на јаглени хидрати туку на протеини

Внесувањето на протеини ќе ви обезбеди чувство на ситост, што секако ќе ви помогне да ја избегнете храната богата со рафинирани шеќери. Ова секако ќе ви помогне да се ослободите од некој килограм без да гладувате.

Пијте природни пијалоци во текот на денот

Во текот на денот треба да внесувате многу течности, првенствено вода и растителни чаеви. Газираните сокови и купечките овошни сокови треба да се заменат со природни сокови што ќе си ги подготвувате дома и со едноставна комбинација на вода и лимон, на пример. Витаминот Ц помага во слабеењето, а течностите ќе ви помогнат да се чувствувате полни, со што ќе се избегнат можностите да се прејадувате.

Начинот на кој јадеме е подеднакво важен како и она што го јадеме

Одвојте време за оброците, обидете се да јадете полека и да уживате во храната. Обидете се да не престојувате пред телевизорот или компјутерот додека јадете, бидејќи така ќе изгубите увид во количината на храната што ќе ја изедете. Докажано е дека луѓето кои одделуваат време за оброците и уживаат во секој залак, полека џвакајќи ја храната, јадат значително помалку, а изгледаат значително подобро!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button