Ќерката на Пeтpе и Јacмина Шилегoви порасна во вистинска убавица – ГОРДИОТ татко се пофали со нејзината матурска фотографија

Петре е горд на својата ќерка Симона
Ќерката на таткото на Скопје порасна во вистинска убавица, а покрај тоа таа е и скромна и урбана девојка.
Ќерката на Петре Шилегов која што ја доби од бракот со сопругата Јасмина, порасна во вистинска убавица.
Таа е преубава тинејџерка која оваа година е матурантка, со која нејзините родители се гордеат.

Како неговата наследничка изгледаше на матурската, градоначалникот покажа на својот Фејсбук профил.

„Горд на својата ќерка. Среќна матура!“ напиша Шилегов во описот на фотографијата со емотикон срце
Ќерката на Шилегов на матурската носеше бел фустан во комбинација со црвена чанта и изгледаше како принцеза.

Покрај Симона, Петре и Јасмина го имаат и синот Иван, со кого исто така одвреме-навреме ќе споделат некоја заедничка фотографија на социјалните мрежи.

Работата на сопругата на Шилегов е поврзана со менаџирање на едукативните центри, а љубовта кон децата ја разбудила желбата кај неа да им пружи најдобра едукација.

Таа неодамна се најде во центарот на вниманието со еден нејзин пост на Фејсбук.

Јасмина тогаш сподели тpoгатeлна приказна за кучето Рекс, на кое му беше потребно вдомување.
Откако проверила по разни групи да не е случајно изгубено, и откако на истото место неколку вечери по ред доаѓало со нив, тие решиле да го однесат во Лајка. Името, Рекс му го дала Симона, нејзината ќерка, а преку Фејсбук ги замолија луѓето со големо срце што сакаат животни да го вдомат.

Најразгалениот член во семејството
Инаку, во семејството на Петре Шилегов постои и петти член, а тоа е нивното куче Тоби.

Шилегов редовно објавува фотографии од него од кои можеме да видиме дека е вистински позер.

Неодамна на Тоби му беше роденден, па Шилегов преку својот профил покажа како изгледаше и славеникот.
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов