22-годишната ќерка на Мадона е вистинска копија на нејзината мајка.
Во тоа дополнително не увери со своето издание на настанот на списанието Вог, одржан оваа недела во Њујорк. Лудрес на овој настан се појави во издание кое уште веднаш не’ потсети на еден незаборавен изглед на Мадона, иако таа му подари еден малку помодерен изглед.
Нејзиниот бел полупроѕирен фустан (под кој не облече градник) е сличен на оној кој го носеше најзината мајка во 1984 година на доделувањето на МТВ ВМА, а дури и да не сте биле љубители на ликот и делото на Мадона, мора да сте наелетале на ова нејзино легендарно издание.
И Мадона тогаш белиот проѕирен фустан го искомбинира со бели чевли, а и двете изгледот го надополнија со обетки, додека Лудрес каишот и ракавиците ги замени со впечатлива чанта со змиски принт.