Реклама
MAMAКафе муабет

Ќерката е мало девојче кое еден ден ќе порасне и ќе биде вашата најдобра пријателка

Реклама

Односот мајка и ќерка е една од најсилните, но и најкомплексни врски во семејството.

ФОТО: mouthsofmums.com

Таа важи за една од најмоќните поврзаности кои некогаш можете да ги искусите и нешто што само мајките и ќерките можат да го разберат.

За таа цел, во продолжение ви прикажуваме неколку емотивни цитати кои веруваме дека ќе го разнежнат сечие срце.

Маркетинг

„Ќерката е мало девојче кое израснува во ваша најдобра пријателка“.

„Таа е чудо кое секој ден станува се’ почудесно“.

Маркетинг

„Ќе имате многу ситуации кога ќе ви се чини дека сте погрешиле некаде, но во очите и срцето на вашето девојче, вие ќе останете безгрешни, што и да се случи“.

„Вашето девојче ќе сфати дека вие сте биле во право и дека таа згрешила, тогаш кога и самата ќе има свое мало девојче“.

„Дури и кога нема да ви се допаѓа она што таа го прави, вие ќе ја сакате бескрајно“.

„Неизбежно е ќерката да ве надмине вас, но никогаш нема да го надмине вашето срце“.

„Убава и голема работа е кога таткото го носи синот на риболов. Но, помеѓу ѕвездите постои посебно место за татковците кои ги носат своите ќерки на шопинг“.

„Позади секоја прекрасна ќерка, стои прекрасен татко“.

„Секој, па дури и најстрогиот човек на светот, ако добие ќерка, во еден момент ќе признае дека некоја дама му го украла срцето. Онаа која го нарекува ‘тато’“.

И никогаш не заборавајте дека иако нејзината рака ја држите кратко време, нејзиното срце ќе го имате засекогаш!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button