Реклама
Култура[тор]

Цеца ќе пее за само 35000 евра на фестивалот во Гуча

Реклама

Организаторите на фестивалот во Гуча и оваа година, како и многу други претходно, најавуваат луда забава, а како посебно изненадување го најавија гостувањето на најпопуларната балканска дива, Цеца Величковиќ-Ражнатовиќ.

Маркетинг

Според директорот на агенцијата Профил, Добривоје Марински, тие за настапот на Цеца ќе платат сума од околу 35.000 евра, што и не е така многу доколку се земе вo предвид дека на пр. само пред две години, за нејзиниот настап на прилепскиот пиво фест, таа беше платена со сума од 60.000 евра.

Но, за разлика од Прилеп, кога настапот на овој српски „Цветак зановетак“ беше бесплатен, нејзиниот настап во Гуча ќе се наплаќа со влезница од 300 динари.

Маркетинг

„Па ова е само симболична цена, на пр. картата за нејзиниот настап во Будва чинеше 25 евра“, – вели Добривоје за српскиот весник Курир.

Инаку Драгачевскиот сабор на трубачите во Гуча датира од 1961 година, кога започна симболично со учество на само 4 оркестри. Од тогаш, па се до сега, тој стана еден од најпознатите фестивали за трубачите, посетен од по неколку стотици илјади посетители секоја година

За самиот фестивал се снимани и неколку документарни филмови, а за неговото започнување најзаслужни се новинарот Дуге Благоје Блажа Радојевиќ (кој го осмислил истиот!) и писателот Бранко В. Радичевиќ, кој овој фестивалот го круниса со името „Голем народен сабор на овчари и каблари.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button