Ако сте родени во периодот од 18 февруари до 19 март, вие сте последниот и најнежен знак во Зодијакот.
Имате големо срце полно со топлина, љубов и сочувствителност. Вие сочувствувате со другите во вашата близина на начин кој другите н го разбираат.
Великодушноста сигурно е една од вашите најголеми позитивни особини и сакате да им помагате на другите, без да очекувате нешто за возвраст. За вас, надворешната убавина не игра клучна улога, зашто вие тежнеете да ги проценете луѓето според нивната суштинска вредност.
Потребно е само да знаете што се слуува под површината, внатре во душата. Вие живеете во имагинарен свет кој другите едноставно не го разбираат. Вашата фантазија не познава граници, ниту кога треба да донесете реални одлуки. Интуицијата е вашиот врв. За неколку минути ги почувствувате вибрациите и говорот на телото, зашто вашата поврзаност со Универзумот е многу моќна.
Вие му давате предност на квалитетот, напсорти квантитетот. Не сакате да губите време задржувајќи стотици пријателства на површно ниво, па подобро би се сконцентрирале на длабоки и интензивни односи. Многу сте популарни во друштвените кругови, затоа што стее искрен пријател на кој може да му се верува. Најмногу ги цените искрените односи и оние кои ги сакате ги ставате пред сите.