Таа една од најпознатите блогерки на денешницата
Познатата русокоса модна блогерка Кјара Ферањи само на Инстаграм има преку 10 милиони обожаватели. Таа деновиве беше во Париз заедно со нејзиниот свршеник, италијанскиот репер Федез, на Модната недела за висока мода, каде постојано ги менуваше своите комбинации и тоа по неколку пати на ден.
Но една од нејзините комбинации со кои се прошета низ Париз повеќето магазини ја оценија како промашување, што навистина е реткост кога е во прашање оваа девојка. Имено станува збор за долгиот црн фустан од тил под кој јасно се гледа бодито со длабоко деколте (до папокот!), а кое го носеше во комбинација со високи чизми во црвена боја.
И додека некои го поздравија ова провокативно издание на познатата модна блогерка (кое патем и нам ни се допаѓа) повеќето коментари го оценија како вулгарно и дека воопшто не ги воодушевила со нејзиниот избор.
Што мислите вие?
На следната страна можете да ги видите и останатите комбинации кои што Кјара ги носеше во градот на љубовта. >>