И понатаму се прашуваме дали ова е продавница за луксузна облека или еден дел од гардероберот на убавта Кјара.
Блогерката Кјара Ферањи е позната по својот необичен стил и најразличните комбинации, па затоа сме и толку љубопитни да го видиме нејзиниот гардеробер. Ако малку го погледнеме нејзиниот Инстаграм профил, ќе забележиме дека кај неа го има секој тренд, а освен што обожава дизајнерска облека, таа поседува и свој бренд за облека и чевли, Chiara Ferragni Collection.
Неодамна блогерката одлучи да ги израдува своите фанови и да ја отвори вратата на својот дом во Милано, па на пријателите на Инстаграм им го покажа својот раскошен плакар кој содржи само половина од нејзината облека. Освенв о Милано, блогерката најголем дел од своето време поминува и во Лос Анџелес каде што се преселила во 2014 година. Сигурни сме дека тој плакар е уште поголем и побогат и се надеваме дека наскоро ќе ни даде можност да „ѕирнеме“ и во него.
https://www.instagram.com/p/BpPgo-Pld1M/?utm_source=ig_web_button_share_sheet