Кити Спенсер, внуката на Дајана, повторно во центарот на вниманието – манекенката НЕ престанува да ги воодушевува сите со својот беспрекорен стил (фото)
Кити Спенсер е ќерка на помладиот брат на принцезата Дајана и е во одлични односи со нејзините први братучеди, принцовите Вилијам и Хари.
Убавата 27 годишна манекенка за која медиумите не преставуваат да се интересираат откако се појави во прекрасно издание на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, повторно ги воодушеви сите. Овој пат во прашање е фустан во впечатливи бои и со интересни дезени, а целото издание го заокружи со подеднакво шарени високи потпетици и златни обетки со зелени детали.
Оваа симпатична Британка која порасна во Јужноамериканската Република, а дипломските студии ги заврши во Лондон каде магистрираше на тема „Управување со луксузните брендови“ отсекогаш ја сакала модата. Исто како и нејзината мајка Викторија Аиткен ќе заврши во манекенските води, а досега имаше прилика да се појави и на ревија на италијанската модна куќа Долче и Габана.