Кире веќе со децении е во брак со оваа прекрасна дама – проблемот што го има исчезнува кога е со неа
Пејачот е најсреќен кога неговата љубов е во публиката, нејзината поддршка многу му значи

Броиме ситно до крајот на гласањето, па доколку се уште не сте му дале и вие поддршка на Кире, направете го тоа сега…
Пејачот Кире Науновски од Свети Николе го воодушеви регионот со неговите настапи во шоуто „Никогаш не е доцна“.
Тој со музика се занимава одамна, но благодарение на шоуто доживеа голема популарност и тоа не само во Македонија.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Тој важи за еден од најскромните пејачи што некогаш настапиле во популарното шоу за ветерани, а со својот беспрекорни настапи ги воодушевуваше и гледачите и жирито.
Но и покрај неговата голема популарност што ја стена во изминатиов период, малкумина знаат детали од неговиот приватен живот.
Фејсбук/ Кире Науновски
Негова најголема поддршка му е сопругата, како и нивните две деца, кои Кире понекогаш ќе ги покаже на социјалните мрежи.
Тие живеат во Свети Николе, а неговата понежна половина често знае да го бодри и од бекстејџот во студиото на „Гранд“.
Фејсбук/ Кире Науновски
А колку тоа му значи Кире и самиот ќе откри во една пригода, кога ќе открие и дека се соочува со сериозен проблем.
Фејсбук/ Кире Науновски
„Поради зборовите на песната ја погледнав сопругата, но и поради нејзината несебична поддршка, бидејќи тоа многу ми помогна. Јас по природа сум човек кој има многу трема, не знам ни зошто. Така сум роден и тоа ми претсвтавува голем проблем генерално“, изјави тогаш Кире пред камерите на „Гранд“
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Потсетуваме, Кире и во полуфиналната вечер ги воодушеви сите, но за жал не успеа директно да се пласира во финалето.
Но тој се уште има шанса да биде еден од финалистите, а во тоа може да му помогнете со едноставно гласање тука.
Гласањето трае уште само неколку часа, односно вечерва до полноќ, па ако се уште не сте гласале за него, направете го тоа сега.
Кликнете ТУКА и гласајте за нашиот Кире.
Последниот настап на Кире погледнете го тука.