Наши ѕвезди

Кире Науновски се соочува со сериозен проблем – без водителот Жика Јакшиќ немаше ништо да се случи

Ова можеше скапо да го чини нашиот пејач

Advertisement

Не крие дека токму заради Жика Јакшиќ и се пријавил, но и дека во шоуто се соочувал со сериозен проблем…

Пејачот од Македонија, Кире Науновски, кој победи во „Никогаш не е доцна“ веќе со години се соочува со сериозен проблем.

Advertisement

Тој со музика се занимава веќе цели три децении, но и денес води битка со овој сериозен проблем поврзан со неговата кариера.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Имено, Кире и додека се натпреваруваше во популарното шоу се соочуваше со него, а тоа можеше и скапо да го чини.

Advertisement

Но како што вели и самиот, таков е роден, па поддршката што ја добиваше за време на шоуто од сопругата, но и од водителот Жика Јакшиќ, многу му значеше, посебно додека беше на сцената.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

„Заради зборовите на песната гледав во сопругата, но и заради нејзината несебична поддршка, бидејќи тоа многу ми помогна. По природа сум личност која има многу трема, не знам ни самиот зарад што. Таков сум роден и тоа ми преставува голем проблем генерално“, откри Кире по еден од неговите први настапи во популарното шоу.

Кире не крие дека многу му значи и поддршката што ја добивал од Жика, заради кого и се пријавил во шоуто.

Фејсбук/ Кире Науновски

„Главната причина да се пријавам во шоуто беше Жика, неговиот позитивен карактер и харизма и целиот тек на емисијата, ми беше мотив да се пријавам, бидејќи како што веќе е познато јас сум голем (по нашки ) тремарош. А пред секој настап неговата енергија ме отпушташе и ми даваше самодоверба да продолжам напред и да дадам свој максимум!“, изјави Кире по победата во интервју за Гламур магазин.

Тој тогаш додаде и дека не очекувал победа, иако потајно се надевал и посакувал истата да се случи.

„Не очекував бидејќи сум тип на човек кој гледа на чашата полупразна, да не се речам песимист. Но сум реалист и потајно се надевав бидејќи си ги знам гласовните способности“, откри Кире за Гламур по триумфот во најгледаното шоу а ветерани на целиот Балкан.

Целото интервју со Кире прочитајте го тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button