Најголема предност на оваа диета е ограничувањето на внесувањето на солта, нешто кое во денешно време поприма алармантни резултати. Високото внесување на сол доведува до насобирање на течностите во организмот, но исто така и го зголемува ризикот од разни болести, посебно зголемен крвен притисок. Листата на намирници кои се дозволени да се консумираат можеби не е голема, но станува збор за хранливо вредни состојки, пожелни во сечија исхрана.
Оваа диета исто така е и добар избор за оние кои од медицински причини мора да ослабат за брзо време, но само со претходно одобрување на доктор.
Пример за мени:
Појадок: Парче интегрален леб и ½ парче посно сирење; јаболка.
Ручек: 1 чашка шампињони и ориз; чаша незасладен природен овошен сок.
Вечера: 100 – 150 грама варени тестенини со брокула; портокал.