Ниско внесување на сол
Малата количина на внесена сол е извонредно важен дел на диетата бидејќи се смета дека солените намирници отвораат апетит и предизвикуваат дебелеење. Наместо сол се преферира употреба на билни зачини. Некои основни правила на диетата подразбираат и 3 оброка дневно, како и вежбање Таи Чи или Јога, по еден час дневно. На оние кои тоа не им одговара, може да се занимаваат и со пливање или пешачење. А бидејќи самата диета е сиромашна со калциум и витамин Д, нејзините автори препорачуваат мултивитамински додаток во исхраната.
Оние кои се навлечени на кафе ќе ги развесели веста дека е дозволена една шолја на ден (освен во првата фаза), но без млеко, шлаг или шеќер. Но сепак кафето може да го засладите со мед или јаворов сируп. Со оваа навистина ефикасна диета може да загубите од 10 – 15 килограми во првите месец дена, а потоа просечното губење е од 1 до 1, 5 килограми неделно, зависно од интензитетот на вежбите.
Премини на следната страна >>