Оваа диета опфаќа три фази
Првата фаза е детоксикација која трае една недела. За време на истата внесувањето на храна е многу оскудно, а вклучува само неколку продукти од скроб, како ориз или квиноја. Овошјето е дозволено само еден ден во првата недела, а останатите 6 дена со скробните намирници се комбинира зеленчук и млечни производи со ниско ниво на масти. Во оваа фаза се внесуваат само 800 калории дневно, а јаглехидратите прават и до 89 % енергија.
Втората фаза е на активно губење килограми и истата трае додека не се постигне саканата телесна маса. Менито е нешто полиберално, затоа што дозволува 1 200 калории на ден, а од првата фаза се разликува и по тоа што еден ден наместо зеленчук е дозволено да се јаде протеинска намирница – на прво место риба, а дури потоа нискомасни млечни производи или чисто месо. Во вторава фаза јаглехидратите прават околу 80 % од вкупната енергија.
Последната фаза е фаза на одржување и од втората се разликува во дополнителните 200 калории дневно кои се осигуруваат со внесување на намирници како Тофу, сирење, маслинки и тврдо овошје. Два пати во неделата треба да се јаде риба, а доколку и понатаму се губи на маса, можно е третиот ден овошјето да се замени со протеини.
Премини на следната страна >>