Ким откри детали кои досега не беа познати во јавноста
Контроверзната американска старлета која гостуваше во емисијата на познатата водителка Елен Деџенерис откри неколку работи кои досега не беа познати за пошироката јавност. Имено, таа во една пригода зборува за забавата која што ја организирале во текот на претходниот викенд, а по повод раѓањето на нејзиното ново дете. Пријателите донеле играчки и поклони, а малата Норт кога ги отворала следниот ден во една пригода изјавила:
{youtube}QoNL1YoHKD0{/youtube}
„Мамо, бидејќи мојата сестра се уште не е тука, мислам дека нејзините играчки треба да бидат во мојата соба. Јас ќе се играм со нив и ќе направам се тие да бидат ОК за неа“, изјави Ким и на тој начин пред камерите откри дека нејзиното трето дете ќе биде женско.