Познатиот хармоникаш Драган Стојковиќ Босанац по повеќе години поминати во жири-столчето на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ одлучи да ја промени телевизијата и потпиша договор со Жељко Митровиќ за новото издание на музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“. Имено, Босанац премина во конкурентното натпреварување, односно телевизија.
Како што објавија српските медиуми, Босанац добил значително поголем хонорар во „Пинкови ѕвезди“ отколку што земал во „Ѕвездите на Гранд“ за истата работна задача.

За една сезона ќе инкасира околу 60.000 евра, што е речиси двојно повеќе од сумата што ја добивал во „Гранд“.
Извор близок до продукцијата за медиумите изјавил дека договорот подразбира 1.500 евра по емисија, односно вкупно 40 епизоди по сезона.
„Уште пред финалето на ’Ѕвездите на Гранд’ во јуни, тој доби примамлива понуда од ’Пинк’ и веднаш поразговара со челниците на телевизијата. Откако му беше гарантиран хонорар поголем од претходниот, Босанац ја прифати понудата“, открил изворот.
Потсетуваме, жири-столчето на Ѕвездите на Гранд пред новата сезона прва го нашушти Марија Шерифовиќ, а потоа и Драган Стојковиќ Босанац и Вики Миљковиќ.
И додека Марија замина од шоуто заради, како што рече, „свои лични причини“, Босанац и Вики од оваа есен ги гледаме во „Пинкови ѕвезди“, се разбира, за поголем хонорар.





